Војвотката Кетрин и принцот Вилијам го преставија пред светот новороденото синче. Кралскиот пар заедно со малиот принц позираше пред болницата „St. Mary“ во Лондон само осум часа по породувањето.

36-годишната војвотка беше облечена во црвен фустан од Џени Пекам. Тешко е да се поверува дека фотографиите се направени неколку часа откако се породи.



Бебето се роди тешко 3,8 килограми. Гордите родители наводно не го знаеја полот на бебето до самото раѓање.








35-годишниот принц и 36-годишната војвотка стапија во брак на 29 април 2011 година. Тие се родители и на 2-годишната принцеза Шарлот и 4-годишниот принц Џорџ.
Џорџ и Шарлот претходно го посетија своето помало братче во болницата.



George and Charlotte just arrived to meet their new brother! pic.twitter.com/l9MKjcOxUT
— Omid Scobie (@scobie) April 23, 2018
Како и за претходните две деца, Кетрин се породи во болницата „St. Mary“ во Лондон, каде принцезата Дијана го донесе на свет Вилијам во 1982 година.
Бебето ќе биде петто во линијата наследници на британскиот престол.