Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Братска љубов во Сочи која ќе ви го згрее срцето

ФОТО: Братска љубов во Сочи која ќе ви го згрее срцето

Александар Билодо освои златен медал на Зимските олимписки игри во Сочи, но освои и илјадници срца со огромната љубов кон својот брат Фредерик.

Откако го освои второто олимписко злато во слободно скијање, среќниот Канаѓанец веднаш го побара својот брат, го прегрна и повлече кон себе за заедно да го прослават големиот успех.

Никој не остана рамнодушен на неизмерната среќа на лицето на Фредерик, кој страда од церебрална парализа.

Александар Билодо и Фредерик Александар Билодо и Фредерик Александар Билодо и Фредерик Александар Билодо и Фредерик

Алекс редовно го посочува својот брат како извор на инспирација и мотивација. „Со мотивираноста што тој ја има, ако имаше шанса, ќе беше четирикратен олимписки шампион. Тој е огромна инспирација, прекрасна личност и ќе продолжи да ме инспирира и по завршувањето на мојата кариера. Јас секогаш се жалам, а тој има многу причини за да се жали и никогаш не го прави тоа“ – рекол успешниот скијач.

Докторите прогнозирале дека Фредерик нема да може да оди по десеттата година од животот, но тој сè уште може да се движи сам. „Секој чекор е тежок за него во животот, а јас сум на полесна патека, па морам да дадам сè од себе, од почит кон него“ – изјавил Билодо.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11520 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.