Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Бразилско семејство живее со 7 тигри

ФОТО: Бразилско семејство живее со 7 тигри

Тигрите се фасцинантни, но диви животни, а сепак едно смело семејство ги прими во својот дом. Ари Борхес и неговото семејство живеат заедно со 7 тигри.

Пред осум години 43-годишниот татко и дедо спасил два тигри кои живееле во циркус во ужасни услови. Со текот на времето бројот на тигри во неговиот дом нараснал до 7.

Семејството Борхес Семејството Борхес

Тигрите во домот на Ари не остануваат постојано затворени. Додека се врзани со синџири шетаат низ домот и дури пливаат во базенот со ќерките на Ари.

„Никогаш не се загрижував за тоа што моите ќерки ќе живеат со овие животни. Мораш да им покажеш на животните почит и љубов – така ќе го добиеш истото од нив“ – изјавил тој.

Ари со еден од тигритеАри со еден од тигрите

Ујара, една од ќерките на Ари, дури и понекогаш дозволува нејзината 2-годишна ќерка Рајара да го „јава“ големиот тигар. „Рајара обожава да си игра со тигри. Го гледа татко ми како комуницира со нив и полудува. Но, безбедно е. Никогаш не би ја ставила ќерка си во опасна ситуација... Тие се дел од семејството. Не можам да замислам да живеам без нив“ – изјавила таа.

Семејството Борхес

20-годишната Најара редовно плива со еден од тигрите во базен за да го одржува во форма. „Сега не влегува во базенот со никој друг. Го поврзува базенот со мене“ – рекла таа.

Семејството Борхес

Сепак, не се сите одушевени од присуството на диви животни во домот. Сопругот на Ујара, Рафаел, се плаши од големите животни и не му се допаѓа тоа што неговата сопруга и ќерка се зближуваат со нив. „Сметам дека нејзиниот однос со животните е опасен, тие можат да бидат смртоносни. Многу се плашам, се трудам да избегнувам контакт со нив колку што е можно. Би сакал и таа да се држи подалеку од нив“ – признал тој.

Семејството Борхес Семејството Борхес

Желбата на Ари е да отвори еко-парк за да може да им го подобри животот на тигрите.

Погледнете го видеото со семејството кое живее со тигри:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.