Пери Ендрус е доказ дека со волја и решителност секој може да си го промени животот на подобро.
24-годишниот Британец станал анорексичен како последица на психичко и физичко малтретирање од страна на неговите соученици, заради неговиот имиџ на бубалица. Исмевањето и задевањето екстремно му ја намалиле самодовербата. Малку по малку Пери започнал да ја намалува внесената храна, фрлајќи ја в канта кога неговата мајка не го гледала. Во еден момент, на 15-годишна возраст тој тежел само 44 килограми.


Пери решил со сите сили да се бори со анорексијата откако видел модел со здрав изглед на насловна страница на списание за фитнес и здравје. Осум години тој напорно тренирал и внимавал на својата исхрана за да достигне тежина од речиси 80 килограми.


„Се чувствувам прекрасно сега. Животот носи лоши денови и добри денови, а лошите денови те обликуваат како личност“ – рекол тој во интервју за MailOnline.
Со зголемување на телесната тежина и на мускулите, на Пери му растела и самодовербата. Пред година и пол тој за првпат решил да покани девојка на состанок. Тоа е и неговата прва љубовна врска. „Ја поканив да излеземе и таа се согласи. Не можев да си поверувам. Таа ме поддржува целосно, ми помага да останам мотивиран во лошите денови, потсетувајќи ме каде бев и кон што се стремам. Сега сум посамоуверен. Јас сум среќна и подобра душа“ – дополнил тој.