Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Polleo Sport официјално ги отвори вратите на првата продавница во Македонија

ФОТО: Polleo Sport официјално ги отвори вратите на првата продавница во Македонија

Денес Polleo Sport свечено ја отвори првата продавница во присуство на голем број професионални спортисти и љубители на здравиот и спортски начин на живот.

Регионалниот лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема на своите полици донесе био и здрава храна, витамини, минерали, суплементи, фитнес опрема, облека и обувки. Сите посетители имаа можност да купат производи од светски познатите брендови како што се Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, Bad Girl, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta, Zoe Leggings, и многу други, по намалени цени. Исто така можеа да дегустираат некои од најпопуланите производи од палетата на здрава храна и додатоци во исхраната.

Polleo Sport Polleo Sport Polleo Sport

На свеченото отворање присуствуваа голем број на професионални спортисти, рекреативци и љубители на спортот и здравиот начин на живот, меѓу кои и бренд амбасадорите на Polleo Sport - Елена Ристеска, ракометарот Дејан Манасков, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски, фитнес инструкторот Марио Јовановски, атлетичарот и модел Дарко Петковски – Спејко, членовите на клубот Бар Гладијаторс, и многу други.

Polleo Sport Polleo Sport

„Среќни сме што наидовме на интерес и поддршка од толку многу луѓе кои денес дојдоа да го прослават овој ден со нас. Благодарни сме им на сите кои одлучија да нѝ се приклучат во промовирањето на здрав и спортски стил на живот, бидејќи сега заедно како вистински тим ќе можеме да се избориме против лошите навики. Се надеваме дека од денес па натаму бројот на нашите пријатели ќе расте и дека сите добро ќе се забавуваме додека ги поместуваме границите во борбата за поквалитетен живот“ – велат од компанијата.

Polleo Sport е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана во регионот. Долгорочните планови на компанијата вклучуваат отворање на повеќе од 10 продажни центри низ Македонија до 2018 година. Втората Polleo Sport продавница веќе е во подготовка за отворањето кое според планот треба да се случи следниот месец.

Polleo Sport е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

Polleo Sport Polleo Sport Polleo Sport Polleo Sport

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11347 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.