Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 5 неверојатни трансформации со екстремно слабеење

ФОТО: 5 неверојатни трансформации со екстремно слабеење

Во денешно време многу луѓе се борат со вишокот килограми и со дебелината која може да биде причина за сериозно влошување на здравјето. Пет лица покажуваат дека слабеењето и одржувањето на нормална телесна тежина е резултат на решителност, волја, здрава исхрана и физичка активност.

Во своето издание „Look Great, Feel Good in 2014“ списанието „People“ објави пет успешни приказни на луѓе кои успеале целосно да си го променат животот и изгледот кон подобро.

Ви треба инспирација?

Шери Семјуелс

Трансформација со слабеењеНекогаш: 116 килограми

Шери консумирала основно брза храна – чипс, сладолед, колачиња, иако семејството ја охрабрувало да ја промени исхраната. Откако самата одлучила дека треба да направи нешто за својата дебелина, таа започнала да вежба редовно и да ја контролира големината на порциите, а и се префрлила на веганска исхрана.

Трансформација со слабеењеСега 61 килограм

Кејтлин Екстром

Трансформација со слабеењеНекогаш: 119 килограми

Два главни фактори се „виновни“ за промената на начинот на живот на Кејтлин, која се борела со вишокот килограми уште од пубертетот – тоа што бил откриен рак кај нејзината мајка и тоа што си посвоила енергично куче.

Трансформација со слабеењеСега: 58 килограми

Коди Ситон

Трансформација со слабеењеНекогаш: 159 килограми

„Моето хоби беше храната... постојано јадев, јадев без размислување“ – признал Коди. Еден ден решил да си го промени животот и се зачленил во фитнес клуб. „Одев во таа вежбална секој ден и си реков дека ќе се будам еден час порано и дека ќе останувам во таа вежбална секој ден по 45 минути. Си дадов ветување себеси и навистина ми е мило што го одржав“ – открил тој.

Трансформација со слабеењеСега 79 килограми

Деби Лазински

Трансформација со слабеењеНекогаш: 144 килограми

Деби признава дека години наназад се хранела основно со леб, тестенини, бели печива и пица. „Се навикнуваш да гледаат на тебе како на невидлива или личност која не вреди, па тоа ја обојува и твојата личност“ – рекла таа за деновите кога секојдневно се мачела со дебелината.

Откако ослабела, таа си ја зголемила самодовербата и изјавила дека се чувствува прекрасно. „Можам да ги прекрстам нозете. Можам да направам сè. Сега верувам во себе“ – изјавила Деби.

Трансформација со слабеењеСега 60 килограми

Џинџер Стафахер

Трансформација со слабеењеНекогаш: 120 килограми

„Еден ден требаше да се движам низ снег, мислев дека ќе умрам“ – рекла таа и објаснила дека ослабела со трчање.

Трансформација со слабеењеСега 60 килограми

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.