Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 4 неверојатни трансформации со екстремно слабеење

ФОТО: 4 неверојатни трансформации со екстремно слабеење

Списанието „People“ во своето издание „Look Great, Feel Good in 2013“ објави неверојатни трансформации на лица кои ја преполовиле својата телесна тежина. Четворицата успеале целосно да го променат својот изглед на здрав начин. Нивната тајна лежи во решителноста, здравата исхрана и физичката активност.

Ешли Донаху

Ешли ДонахуНекогаш: 131 килограм (десно)

27-годишната мајка на две деца започнала да слабее во 2010 година со броење на калориите. „Пред 18 месеци мојот син Зак ме прегрна и ми рече: Мамо! Можам да си ги допрам рацете околу тебе. Прснав да плачам, затоа што дотогаш немав сфатено дека тој не можеше целосно да ме прегрне“ – изјавила таа.

„Сега трчам по 5-8 километри три дена седмично“ – додала таа.

Ешли ДонахуСега: 62 килограми

Леа Фернандез

Леа ФернандезНекогаш: 114 килограми

„Посегав по храната секогаш кога бев под стрес или нервозна. Јадев додека не завршев со сè или додека не дојдеше време за спиење“ – раскажала Леа.

Леа ФернандезСега: 57 килограми

Откако ослабела, Леа си ја вратила и енергијата. „Неверојатно е колку многу енергија имам. Шопингот сега е позабавен. Неодамна отидов да си купувам чизми за првпат по долги години и за малку ќе се расплачев во бутикот кога можев да го запетлам патентот над листовите на ногата“ – рекла таа.

Ричард Нил

Ричард НилНекогаш: 193 килограми

Пред две години Ричард ја достигнал максималната тежина. „Бев во депресија. Отидов на ролеркостер во локалниот луна парк и претпоставував дека можам да седнам. Но, беа потребни двајца за да ме седнат на седиштето. Сите луѓе зјапаа, па се пошегував на своја сметка. Се смеев, но ме болеше душата. На крајот, отидов во бањата и започнав да плачам“ – раскажал тој.

Ричард НилСега: 90 килограми

Ник Фител

Ник ФителНекогаш: 102 килограми

„Претходно јадев сладолед, а сега најчест десерт ми е црно чоколадо со бадеми. Не треба да се лишувате од храната. Само направив мали промени“ – вели тој.

Ник ФителСега: 72 килограми

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.