Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 4 вежби за тонирани стомачни од Шакира

ФОТО: 4 вежби за тонирани стомачни од Шакира

Обликуваното и стегнато тело на Шакира не е случајност. Славната Колумбијка напорно вежба за да биде во топ форма, особено по раѓањето на првото дете.

Шакира

За најновото издание на списанието „Self“, 36-годишната музичка ѕвезда откри 4 вежби за тонирани стомачни мускули какви што посакува секоја жена.

Вежба 1

Вежби од Шакира

Застанете во кучешка положба, така што грбот да ви биде исправен, колената да ви бидат под колковите, а дланките под рамената. Вдишете длабоко, свиткувајќи го грбот и замислувајќи дека го повлекувате папокот кон ‘рбетот (како на сликата). Издишувајте додека се враќате во почетната положба.

Направете 30 брзи повторувања.

Вежба 2

Вежби од Шакира

Седнете на подот со свиткани колена. Прстите на нозете треба да го допираат подот. Испружете ги рацете пред себе и наведнувајте се наназад додека не почувствувате дека стомачните мускули ви се целосно ангажирани. Посегнете со рацете нанапред додека ги подигнувате стапалата 10 сантиметри од подот (како на сликата). Вратете се во почетната положба.

Повторете ја вежбата 15 пати.

Вежба 3

Вежби од Шакира

Седнете на пилатес топка и раширете ги нозете. Прстите на нозете треба да ви бидат насочени нанадвор. Рацете поставете ги зад главата. Навалете се надесно, додека ја испружувате левата рака преку главата, а десниот лакт го носите кон десното колено (како на сликата). Вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата на другата страна.

Направете 15 повторувања.

Вежба 4

Вежби од Шакира

Застанете исправени, стапалата нека ви бидат на ширина на колковите. Испружете ги рацете над главата. Подигајте ја десната нога додека надколеницата не ви стане паралелна на подот, а истовремено носете ги лактите кон колената (како на сликата). Вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата со левата нога.

Направете 3 серии од 15 повторувања.

Шакира споделила и дека консумира 8 мали оброци дневно од по 200-250 калории и дека редовно вежба зумба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.