Почетна » Новости » Занимливости » Фитнес инспирација: Упорна девојка „стопи“ 65 кг откако бившиот ѝ рекол да ослаби

Фитнес инспирација: Упорна девојка „стопи“ 65 кг откако бившиот ѝ рекол да ослаби

Критиките и погрдните зборови влијаат негативно на личноста кон која се насочени, но честопати стануваат мотивација за огромни животни промени.

Хејли Вестоби го трансформирала својот изглед и ги отфрлила лошите навики, откако нејзиното поранешно момче ѝ рекло дека е дебела и дека треба да ослаби. Таа „стопи“ 65 килограми и стана фитнес инспирација на Instagram.

Хејли Вестоби Хејли Вестоби

25-годишната девојка обожавала да трча и отсекогаш бил физички активна, но поради повреда во колената докторите ѝ забраниле да трча. Поради слабата физичка активност, во првата година од студирањето, Хејли ја зголемила својата тежина до 119 килограми.

Хејли Вестоби Хејли Вестоби

За време на љубовна расправија, тогашниот дечко ѝ рекол дека премногу се здебелила и дека треба да симне неколку килограми. „Пред тој да ја спомене мојата тежина, јас немав забележано колку многу килограми имав покачено“ – рекла Хејли.

Тој бил моментот кој ѝ ги отворил очите и клучен за таа да одлучи да го промени својот изглед, а со тоа и начинот на живот. Вестоби се откажала од алкохолот и се фокусирала на здрава исхрана, вклучувајќи фитнес тренинзи во своето секојдневие.

„Откако сфатив колку многу се здебелив, се сетив на мојот живот исполнет со забави и пиење и знаев дека морам да престанам. Луѓето не сфаќаат колку многу калории и шеќер има во таа чаша вино или пиво која тие ја обожаваат. Прво ми беше тешко да се откажам, отсекогаш бев дружељубива личност. Но, сфатив дека сè уште можам да излегувам со пријателките и да не пијам“ – вели упорната девојка.

Хејли Вестоби Хејли Вестоби

Нејзината прва цел била да симне пет килограми. „Целев да ослабам пет килограми и бев вчудовидена колку брзо ги симнав. Па затоа продолжував, се едуцирав себеси за вежбањето и исхраната. Досега имам изгубено 65 килограми сосем природно и горда сум на тоа што го постигнав. Никогаш повторно нема да бидам засрамена од моето тело“ – додала таа.

Хејли денес тежи 54 килограми и се гордее со својот изглед. Таа признала дека зборовите „мораш да ослабиш“ неретко одѕвонувале во нејзината глава и дека ѝ служеле како мотивација за да стане од креветот и да се упати кон фитнес салата.

Хејли Вестоби Хејли Вестоби Хејли Вестоби Хејли Вестоби

Пред шест месеци, Хејли го запозна својот нов партнер Нејтан во фитнес сала.

„Јас сум многу посреќна, вежбам и се хранам правилно и сум подобра личност поради мојата трансформација. Сакам да им помогнам на што повеќе луѓе да ги постигнат своите цели, за и тие да можат да се чувствуваат убаво во сопствената кожа, како што се чувствувам јас. Ако мојот бивши не го дадеше тој коментар, не знам дали ќе бев каде што сум денес. Благодарна сум што ме водеше во ова патување“ – вели Хејли.

Хејли Вестоби Хејли Вестоби Хејли Вестоби Хејли Вестоби Хејли Вестоби Хејли Вестоби

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8890 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.