Почетна » Новости » Занимливости » Фит мајка на 3 деца, која се прослави со ставот „без изговори“, објави фотографии без Фотошоп за да инспирира

Фит мајка на 3 деца, која се прослави со ставот „без изговори“, објави фотографии без Фотошоп за да инспирира

Марија Канг пред три години дигна голема врева на интернет откако сподели фотографија на која позира по спортски градник и кратки панталони покрај своите три сина. Но, тонираното тело на Марија не беше причината за огромното внимание, туку натписот „Кој е вашиот изговор?“ кој стоеше над нејзината глава.

Реакциите на нејзиното прашање варираа од многу позитивни до многу негативни.

Марија Канг

36-годишната блогерка повторно застана во центарот на вниманието, откако објави фотографии без Фотошоп и призна дека понекогаш не е толку едноставно да се игнорираат изговорите.

Таа сподели дека се поправила 5 килограми, како резултат на стресот од разделбата со сопругот и борбата со депресија и дека имало моменти кога физичката активност ѝ била на дното на листата на приоритети.

Иако не се чувствувала подготвено за фотосесија, таа сепак позирала и ги споделила фотографиите за да ги инспирира другите жени.

Марија Канг Марија Канг

Иако се чувствував „неподготвено“, си помислив на сите оние жени кои ги охрабрувам да се гордеат со својот напредок и да го слават своето тело во секоја фаза од напредувањето. Јас во никој случај не велам дека не сум во форма, но сум престрога кон себе зашто на насловните фотографии ретко гледам екстра кожа, целулит, мускули и тела поголеми од конфекциски број 2. Јас ги имам сите тие нешта.

Еве сум.

Ова е реална фотографија без Фотошоп, без подготовки и без срам. Повторно ја пронаоѓам мојата убавина, повторно ја пронаоѓам мојата сила и наново учам што значи да си силна, смела и помирена со своето животно патување.

Марија, која неодамна се раздели со сопругот, во изминатите месеци се соочувала со ниска самодоверба и мотивација поради огромните промени во нејзиниот живот. Иако редовно вежбала, таа не можела да ги исполни зацртаните фитнес цели, што се одразило на нејзиниот физички изглед.

„Престанав да се чувствувам убаво. Како повеќето мајки, косата постојано ми беше во пунџа, животот ми беше во трчање и моите фитнес цели ми беа меѓу последните приоритети. Се борев со мотивацијата, се здебелив и се соочив со многу брачни предизвици“ – рекла таа.

И покрај сите промени, Канг учи повторно да го сака своето тело за да продолжи да ги мотивира и инспирира жените да го прават истото. Таа ги сподели необработените фотографии за да им покаже на жените дека сите имаме недостатоци, но дека мораме да се грижиме за нашето тело.

„Ова беше многу важно за мене, бидејќи секогаш им велам на жените да го слават своето тело. Независно дали имате малку целулит, екстра тежина, екстра кожа или екстра лузни, бидете горди, бидејќи постојано се менуваме, се трансформираме и старееме. Телото е наше светилиште и мораме да се грижиме за него“ – вели таа.

Марија Канг Марија Канг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.