Почетна » Новости » Занимливости » Фит девојка покажува дека подуеноста на стомакот е сосем нормална работа

Фит девојка покажува дека подуеноста на стомакот е сосем нормална работа

Лиз е една од многуте личности во светот кои почетокот на пандемијата ги испирира да направат промени во својот живот. Младата девојка страдала од нарушување во исхраната и не се чувствувала комфорно во својата кожа, па одлучила дека е време за трансформација.

Таа со помош на фитнес и правилна исхрана си го доведе телото во фит форма со која е среќна и задоволна.

„Пред две години започна карантинот. Плачев повеќето денови бидејќи мразев што сум во оваа кожа и се борев со нарушување во исхраната, мислејќи дека никогаш нема да ми биде подобро. Денес сум опоравена. Учам како да се сакам себеси. Сега работа ми е да им помагам на луѓе ширум светот да ги остварат нивните цели на одржлив начин. Промената е тешка. Промената е засташувачка, но ВРЕДИ!“ – пишува таа.

Лиз сега гордо споделува совети за сите кои сакаат да станат физички активни. Фокусот многу често ѝ е насочен кој покажување дека подуеноста е нормална, промените во телото се нормални и дека стомакот на никого не му е постојано рамен.

„Да имаш подуен стомак не е изговор за да го третираш твоето тело на лош начин. Денес се разбудив подуена. Не јадев ништо поразлично вчера. Не ми е ‘тој период од месецот’. Искрено, не знам зошто се разбудив со поголем стомак, но ОК е. Во ред е да ти се менува изгледот на телото. Ничиј стомак не е рамен цело време, како што не е и мојот. И тоа дефинитивно не значи дека си го уништил целиот прогрес. Се додека не чувствуваш болка, подуеноста е нормална.“

„Продолжете да го подобрувате тоа ваше неверојатно тело, останете хидрирани и однесувајте се кон вашето тело со почит, бидејќи тоа го заслужува“ – стои во еден од нејзините постови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.