Почетна » Новости » Занимливости » Фирма за чаеви за слабеење искористувала фотографии на Instagram ѕвезда за лажна реклама

Фирма за чаеви за слабеење искористувала фотографии на Instagram ѕвезда за лажна реклама

Во денешно време Instagram ѕвездите најмногу пари заработуваат од промовирање на производи на познатите брендови.

Компанија за чаеви за слабеење одлучила да го искористи овој тренд, но наместо да ѝ плати на некоја инфлуенсерка за реклама, таа ги фотошопирала своите производи на фотографии на Instagram ѕвезда. Целта очигледно била да се создаде впечаток дека убавата девојка е во одлична физичка форма благодарение на чаевите на фирмата.

Пиа Муленбек преку Twitter ги извести фановите дека компанијата SkinnyMint ѝ ги краде фотографиите од Instagram профилот за промотивни цели.

„Фотографија украдена од SkinnyMintCom. Производот е фотошопиран. Очигледно е лажна“ – напиша таа.

Пиа Муленбек

Оригиналната фотографија објавена на Instagram

on

Пиа Муленбек

Оригиналната фотографија објавена на Instagram

on

26-годишната девојка, која ја следат 1,7 милиони обожаватели на популарната социјална мрежа, се откажала од својата потенцијална кариера како адвокат за да стане блoгерка и модел. Пиа поседува свој луксузен бренд за спортска опрема „SLINKII“.

Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек Пиа Муленбек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.