Почетна » Новости » Занимливости » Финална конференција на тема: „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ“

Финална конференција на тема: „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ“

Во духот на претприемништвото, од суштинско значење е да се признае дека и жените се значајни двигатели на економскиот раст.

Женското претприемништво е растечка, динамична и неопходна сила во светот. Жените претприемачи придонесуваат кон социјално-економските просперитети на една нација преку создавање на работни места во различни економски сектори, намалување на нивото на сиромаштија и невработеност. Малите и средните бизниси обезбедуваат мотор за економски раст за многу земји. Инвестирањето во женското претприемништво е авенија за една земја постепено да се забрза влијанието на создавање нов потфат.

За таа цел Здружението на бизнис жени организира конференција која ќе биде настан на чело со жени-претприемачи и лидери во своите бизниси што растат во градовите низ целата земја. Финалата конференција на тема: „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ“ ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин на 19-20 ноември 2018 година. Се очекува да бидат присутни околу 200 учесници претставници од организации, владини институции и жени претприемачи од компании од Македонија и балканските земји.

Конференција

Конференцијата за вмрежување ќе содржи:

  • 4 панел дискусии со претставници од различни Министерства, институции, организации и компании
  • Поттикнување на дискусија помеѓу присутните претставници од различни институции и организации и жени претприемачи кои се битни за претприемништво
  • Б2Б средби помеѓу жени претприемачи од регионот
  • Презентација за реализираните активности на проектот како и презентација на ресурси креирани за време на проектот (онлајн курсеви, веб портал и водич за граѓански организации).
Конференција

Една од првите активности на проектот е и формирањето на Националниот совет за женско претприемништво со кој се постигнува градење на влијателна заедница која се залага за подемот на жените претприемачи, создавајќи средина за жените да инвестираат во жени и поврзување на жените со повеќе можности и практични алатки за остварување на нивните бизнис цели.

Овој настан е организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска. Финалната конференција за вмрежување е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“.

Вмрежувањето служи како одлична можност за жените да зборуваат отворено и да споделуваат приказни за нивните успеси и предизвици со други со слични искуства.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.