Почетна » Новости » Занимливости » Финале: Глувиот модел Најл ДиМарко победи во DWTS, погледнете го емотивниот настап

Финале: Глувиот модел Најл ДиМарко победи во DWTS, погледнете го емотивниот настап

Најл ДиМарко победи во американското шоу „Dancing With The Stars“. Глувиот модел, кој ја освои публиката со привлечниот изглед, длабоките емоции и прекрасното танцување, и неговата партнерка Пита Мургатројд беа прогласени за победници на 22-та сезона од популарното шоу.

Во финалната вечер, 27-годишниот натпреварувач и професионалната танчарка Пита одиграа емотивен танц на песната „The Sound of Silence“ и ја расплакаа публиката.

Видео

Најл ДиМарко Најл ДиМарко Најл ДиМарко

Двајцата натпреварувачи добија и пофалби за танцот на хитот „Summer“, а убавите зборови, како и обраќањето на Кери Ен Инаба на знаковен јазик го расплакаа ДиМарко. „Ти благодарам што ни го покажуваш твоето убаво срце додека танцуваш“ – му вели таа.

„Ти ни покажа дека единствените ограничувања се оние кои самите си ги поставуваме“ – вели главниот член на жирито Гудман.

Видеа

Интервјуто по победата

Покрај ДиМарко и Пита, финалисти во шоуто беа и метеорологот Џинџер Зи и нејзиниот партнер Вал Чмерковски, како и американската борачка Пејџ Ванзант и Марк Болас.

Најл ДиМарко Најл ДиМарко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10294 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.