Почетна » Новости » Занимливости » Фатиме Фетаи преку приказна за одењето во диско укажа дека жената во Македонија сè уште се соочува со предрасуди

Фатиме Фетаи преку приказна за одењето во диско укажа дека жената во Македонија сè уште се соочува со предрасуди

Фатиме Фетаи присуствуваше на вечер на женски приказни организирана по повод 8 Март.

Специјалната јавна обвинителка го искористи својот говор на темата „Добив“ за да зборува за родовите стереотипи и предрасудите за жената во Македонија преку приказната за „контроверзниот“ момент кога добила покана да оди во диско.

Имено, пред неколку месеци, Фетаи со свои пријатели беше видена во ноќниот клуб „Cosy bar“, па ова нејзино излегување стана хит тема на социјалните мрежи.

На вчерашната трибина, Фатиме го раскажа нејзиното саботно излегување во стилот на кривично-правен настан, бидејќи била осудувана што ја прифатила можноста да види што се случува во ноќниот клуб.

ВИДЕО

Причината зошто ја раскажав оваа приказна вечерва е поврзана токму со денешниот датум. Уште еднаш се уверив дека жената во нашата држава сè уште се соочува со предрасуди, сè уште од нејзе се очекува дека да ја исполни таа обврска што општеството ѝ ја наметнува, а да се разбереме, тоа не е поврзано со некаков пркос на патријархалните правила во општеството.

Бидејќи, видете, дел од коментарите поврзани со мојата посета на диското, дел можеби оправдани, дел можеби не, не беа од толку многу заради функцијата која ја извршувам, тие беа пред сè за тоа што претставувам како личност, а пред сè како жена. Да бидеме реални и моите машки колеги, судии и обвинители, вклучително и судијата којшто го сретнав таа вечер на диско, и тие имаат слобода и одат во диско, по кафани. Знаете, по автоматизам ако одите во диско не мора да значи дека се однесувате недолично. Недолично можеш да се однесуваш и кога одиш во музеј и на театар. Да, честопати одам и на театар и баш супер си поминувам. Од друга страна, критиките коишто беа упатени по однос на моето одење во диско, ме потсетуваат и на тежината на нашата работа и на одговорноста и на очекувањата што ги имаат граѓаните од нас и ние мора да бидеме спремни да се соочиме со тоа. Таквите критики ни помагаат пред сè да се усовршиме и на професионален план, меѓутоа и како луѓе. Ние немаме право, немаме привилегија да бидеме бели мечки.

Ме радува навистина што ете се слуша гласот на граѓаните во општеството, што некои работи не поминуваат така незабележано, како што беше во минатото, во тоа е и смислата на демократијата. Меѓутоа сепак сметам дека тој глас треба да се искористи за да сите ние заедно се бориме за општество во коешто ќе се врати правдата. А, тоа е битка којашто не се добива така преки ноќ и многу лесно. Немирот треба да ни произлезе од отсуството на правда во општеството, а не причина за нашиот немир да биде дали некој што се бори, или барем се обидува да се бори за правда, одлучил еден викенд да се опушти, да се забавува.

Јас едноставно сакам да ве охрабрам и вас, а посебно жените, да го првите она што во животот ве прави среќни, дури и некогаш околината да смета дека сте погрешиле. Може и од тоа да се извлече некаква поука, меѓутоа не треба сè да се прифати онака како што се сервира.

За крај, сакам еден специјален поздрав до обвинителите кои постапуваа во мојот случај: Ако сè уште сметаат дека моето одење во диско беше злостор. Знаете како викаат, сторителот секогаш се враќа на местото на злосторот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.