Почетна » Новости » Занимливости » Фасцинантните фотографии на Кирсти Мичел

Фасцинантните фотографии на Кирсти Мичел

Кирсти Мичел ќе ве однесе во еден нов, магичен свет. Талентираната фотографка создава волшебни фотографии кои без преувеличување фасцинираат.

Во изминативе пет години Мичел има создадено 74 фотографски дела кои се дел од проектот „Wonderland“, посветен на нејзината покојна мајка.

„Мајка ми беше учителка по англиски јазик и повеќе од 30 години инспирираше генерации деца со своите приказни. Ја изгубивме поради тумор на мозокот, кој ја ослабе премногу и не можеше да се врати дома во Англија од мало француско село каде што се пресели со татко ми по пензионирањето. Наместо погреб, со нејзините поранешни ученици, имавме мал семеен собир, што ми го скрши срцето и почувствував потреба да направам нешто што никогаш нема да дозволи таа да биде заборавена“ – пишува Кирсти на својот сајт, објаснувајќи што ја поттикна да започне со овој голем проект.

По смртта на мајка ѝ, на Кирсти ѝ било премногу тешко да се соочи со реалноста, па бегајќи од секојдневието, таа навлегла во светот на фотографијата.

„The Fade of Fallen Memories...“ е последната фотографија од проектот, а Кирсти ја заврши овој месец. Финалната фотографија е драгоцена за талентираната фотографка, не само затоа што го означува збогувањето со проектот, но и затоа што е метафора за нејзиното ослободување од тежината која ја носи неизмерната тага и враќањето во реалноста.

Фотографии на Кирсти Мичел

Мичел сподели дека ѝ преостанува да направи уште две мали интимни фотографии со кои ќе го отслика крајот на „Wonderland“.

Интересното е што секој реквизит и секој костим од магичните фотографии е создаден од Мичел и нејзините пријатели. На својот блог таа детално го опишува процесот на создавање на фотографиите.

Влезете за момент во волшебниот свет на Мичел:

Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел Фотографии на Кирсти Мичел

Создавањето на фотографијата „Gaia, The Birth of An End“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.