Почетна » Новости » Занимливости » Учител од Гана го трогна светот: Немаат компјутер, па ги учи децата да работат во Word цртајќи им на табла

Учител од Гана го трогна светот: Немаат компјутер, па ги учи децата да работат во Word цртајќи им на табла

Овура Квадро доби заслужен аплауз од сите страни на светот. Учителот од Гана трогна илјадници лица откако покажа како им предава информатика на своите ученици без компјутер.

Додека кај нас секој ученик има компјутер пред себе, во школото во Кумаси децата не можат да се пофалат со такви привилегии. Токму поради тоа, за да им понуди визуелен приказ, посветениот учител ги црта компјутерските програми со креда на табла.

Квадро привлече големо внимание откако сподели фотографии на кои тој црта Word документ, објаснувајќи им ги сите функции на своите ученици кои посветено ја запишуваат лекцијата во своите тетратки. „Го правам тоа за моите ученици да разберат што им предавам. Барем да им дадам слика за она што би го виделе кога би застанале зад компјутер“ – изјавил тој.

Учител од Гана Учител од Гана

„Секој учител има свој начин на презентирање на предметот на своите ученици. Ова е мојот начин“ – додал тој.

Учител од Гана

Овие фотографии стигнале до „Microsoft“ и компанијата вети дека ќе обезбеди соодветен компјутер за училиштето во Гана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.