Почетна » Новости » Занимливости » Усреќете некого со добар гест од срце! Денес е Светскиот ден на љубезноста

Усреќете некого со добар гест од срце! Денес е Светскиот ден на љубезноста

Еден љубезен збор може да разубави нечиј ден, еден љубезен гест може да промени нечиј живот. Отворете го срцето и бидете причината за нечија насмевка, бидејќи денес е Светскиот ден на љубезноста.

Љубезност

Овој празник се роди на 13 ноември во 1997 година, кога група хуманитарци ја создадоа „Декларацијата за љубезност“. Земји-основачи на т.н. Светско движење за љубезност се Јапонија, Сингапур, Австралија, Канада, Тајланд, Велика Британија и САД.

Секој поседува моќ да го направи светот поубаво место за живеење, па прочитајте цитати кои ќе ве мотивираат да посакате љубезноста да ви стане секојдневие:

„Љубезноста е јазик кој глувите можат да го слушнат, а слепите можат да го видат“ – Марк Твен

„Љубезноста е љубов облечена во работни чизми“ – Непознат автор

Љубезност

„Топлата насмевка е универзален јазик за љубезност“ – Вилијам Артур Вард

„Каде што има човек во неволја, постои можност за љубезност“ – Кевин Хет

Љубезност

„Ние размислуваме премногу, а чувствуваме премалку. Повеќе ни треба хуманост одошто машинерии. Повеќе ни треба љубезност и нежност одошто остроумие“ – Чарли Чаплин

Љубезност

„Светот е преполн со љубезни лица... Ако не можеш да најдеш љубезна личност, стани таква“ - Движење за љубезност

Љубезност

„Денес подари му насмевка на лице кое не го познаваш. Тоа можеби ќе биде единствениот сончев зрак што ќе го огрее цел ден“ – Џексон Браун Џуниор

Љубезност

„За привлечни усни, изговарај љубезни зборови. За убави очи, барај го доброто кај луѓето. За тенка фигура, споделувај ја храната со гладните. За убава коса, дозволувај му на мало дете да поминува со неговите прсти низ неа еднаш дневно...“ – Сем Левенсон

Љубезност

„Љубезноста во зборовите создава доверба. Љубезноста во размислувањето создава мудрост. Љубезноста во делата создава љубов“ – Лао Це

„Никој досега не се осиромашил од давање“ – Ана Франк

Љубезност

„Мојата религија е едноставна. Моја религија е љубезноста“ – Далај Лама XIV

„Биди љубезен со нељубезните луѓе. Ним тоа најмногу им е потребно“ – Ешли Брилијант

„Многу често ја занемаруваме моќта на допирот, насмевката, љубезниот збор, искрениот комплимент или најмалото грижливо дело – сите кои имаат потенцијал да променат живот“ – Лео Баскаглија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11162 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.