Почетна » Новости » Занимливости » Успешна хуманитарна акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст

Успешна хуманитарна акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст

Насмеани лица, добра забава, згодни девојки и многу хуманост го одбележаа хуманитарниот настан кој изминатава недела се одржа во спортскиот центар Форца. Гуте Фрухте во соработка со Црвениот Крст на Македонија направија извонреден настан кој ќе се памети. Се одржа првиот хуманитарен турнир во одбојка на плажа на кој учествуваа познати девојки од јавната сцена меѓу кои Марјана Станојковска, Ана Стојановска, Ивана Илиевска, Бона Пауновска и Флора Шабани, заедно со едни од најдобрите и најзгодни одбојкарки во Македонија, а „тешката“ задача да биде судија ја имаше Жаре од ток шоуто Еден на Еден.

Акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст Акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст Акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст Акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст

Гуте Фрухте донираа речиси еден тон сокови од нивниот асортиман за социјално загрозени семејства, а пред почетокот на турнирот го објавија почетокот на седуммесечниот проект „Создаваме заедно“ кој го прават заедно со Црвениот Крст на град Скопје и кој е наменет за слепите и слабовидни лица.

Акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст Акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст Акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст Акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст Акција на Гуте Фрухте и Црвениот Крст

Од Гуте Фрухте ги повикаа и другите компании да го следат нивниот пример и на дело да се покажат со вакви хумани активности. Во меѓувреме, за нив оди едно големо БРАВО, а за вас препорака веднаш да ги пробате одличните сокови на Гуте Фрухте доколку сè уште не сте го сториле тоа.

На сите инволвирани Гуте Фрухте им се заблагодарува за учеството од свое и од име на Црвениот Крст.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.