Почетна » Новости » Занимливости » Уникатен стил, со Nokia Lumia 920

Уникатен стил, со Nokia Lumia 920

Откријте зошто Nokia Lumia 920 за кратко време стана миленик на публиката. Овој ексклузивен модел може да го најдете во салоните на Vip или пак на веб страната http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/nokia/140959/lumia-920#ad-image-0, по цена од 8.499 ден. со тарифниот модел Vip Free+ NoLimit+ со договорна обврска. Почувствувајте ја еуфоријата на светскиот хит Nokia Lumia 920 и уживајте во неговата иновативност и практичност.

Nokia Lumia 920

Процесор Qualcomm® Snapdragon™ S4 – Искористете ги оптимално можностите на Nokia Lumia 920 благодарение на процесорот Qualcomm Snapdragon™ и направете повеќе за пократко време. Процесорот Qualcomm Snapdragon™ S4 Ви овозможува брзи перформанси во секое време, со паралелно користење на најпотребните апликации на Вашиот телефон по Ваш приоритет. Од софистицирани игри, преку фотографии, па сè до приватни и бизнис апликации, менувајте и префрлувајте се по потреба, и сето тоа со голема брзина.

Nokia Lumia 920

Објектив HERE City – Сега сите информации Ви се на дофат на дланка. Истражувајте со објективот HERE City и добијте сосема нов поглед на градот околу Вас. Тој ги лоцира и ги прикажува на самиот екран сите позначајни локали, музеи, театри, трговски центри, познати продавници. Заборавете на времето потрошено во барање на добрите места во градот и уживајте.

Nokia Lumia 920

Екран PureMotion HD+ – Екранот PureMotion HD+ автоматски се приспособува на нивото на светлина во Вашата околина. Тој е светол, брз и сензитивен екран, кај кој контрастите и боите се јасно изразени дури и во екстремни услови на потполен мрак или пак на јака светлина. Пикселите на Lumia 920 побрзо ја апсорбираат светлината, овозможувајќи високо ниво на квалитет. Гледајте филм, прелистувајте галерии или најдете контакт дури и во најголема темница. Создаден е да одговори на секој Ваш допир, дури и кога носите ракавици.

Nokia Lumia 920

Технологија PureView – Технологијата PureView со леќи Carl Zeiss придонесува за јасни видеа и фотографии дури и при намалена светлина или во случаи на тресење и нестабилност при ракување. Сето тоа благодарение на системот за стабилизирање на фотографиите Optical Image Stabilization (OIS), кој ги прави јасни и фокусирани. Доколку сакате да ја изразите Вашата креативност, користете Cinemagraph за да внесете живот и во едноставните предмети или пак други алатки за да креирате живописна галерија.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.