Почетна » Новости » Занимливости » Уживајте во пишаниот збор: прославете го Светскиот ден на книгата

Уживајте во пишаниот збор: прославете го Светскиот ден на книгата

Под покровителство на УНЕСКО, 23 април е назначен за Светски ден на книгата, за првпат прославен во 1995 година.

Датумот има цел да ги промовира книгите, да ги поттикне издавачите и да укаже на заштитата на авторското право.

23 април (Денот на розите) е неслучајно одбран како датум уште во далечната 1923 година во Шпанија, кога продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на оваа дата. Идејата поттикнала менување книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција за Празникот на розите.

Подоцна, во 1995 година, УНЕСКО се решава да го официјализира датумот како Светски ден на книгите, поради Каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, токму на истиот овој датум.

Книги

Во Шпанија, прославувањето на овој ден подразбира дводневен читачки маратон на популарното дело „Дон Кихот“ на Сервантес.

Во Велика Британија и Ирска пак, прославата на денот на книгата е обично резервирана за првиот четврток од месецот март, со цел да се избегне поклопување со велигденските празници и прославата на Ѓурѓовден.

Светскиот ден на книгата има задача да ги охрабри младите да го пронајдат задоволството во читањето книги.

10 инспиративни цитати за книгите

„Не постои толку лоша книга што не содржи барем нешто добро во неа.“
Мигел де Сервантес

„Доаѓа време кога треба да се одлучиш – дали ќе ја свртиш страницата или ќе ја затвориш книгата.“
Џош Џејмисон

„Продолжете да читате книги, но не заборавајте; книгата е само книга. Треба да научите да оформувате свое мислење.“
Максим Горки

„Можеби не постојат подобро исполнети денови од нашето детство, од оние поминати со омилената книга.“
Марсел Пруст

„Ги делам сите читачи во две групи: оние кои читаат - за да запаметат и оние кои читаат - за да заборават.“
Вилијам Фелпс

„Има и полоши злосторства од спалување книги. Едно од нив е истите да не се прочитаат.“
Јосиф Бродски

„Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.“
Хенри Милер

„Не постои полојален пријател од книга.“
Ернест Хемингвеј

„Читањето ни носи непознати пријатели.“
Оноре де Балзак

„Помислата дека имате добра книга за читање пред да одите в кревет, се вбројува помеѓу највозбудливите задоволства.“
Владимир Набоков

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.