Војвотката Кетрин видливо беше во одлично расположение за време на нејзината посета на Кралскиот колеџ за гинекологија и акушерство во Лондон.





36-годишната сопруга на принцот Вилијам, која го носи третото дете, имаше можност да поразговара со неколку претставнички на установата, но и со професорката Жаклин Данклин-Бент, која помогна при раѓањето на принцезата Шарлот.
Кетрин одушевено ја прегрна Жаклин, а според фотографиите, задоволството беше заемно.



Славната трудница, која е во седмиот месец од бременоста, носеше син фустан и палто со потпис на нејзината омилена дизајнерка Џени Пекам и чевли од Џими Чу.







Со својата посета, Кетрин го привлече вниманието кон една многу важна тема – смртноста на мајките и новороденчињата. Таа присуствуваше и на дискусија за женското здравје, поконкретно за менталното здравје на мајките.




