Почетна » Новости » Занимливости » Трката „ТРЧАЈ БЕ“ во Битола низ фотографии

Трката „ТРЧАЈ БЕ“ во Битола низ фотографии

Второто издание на ТРЧАЈ БЕ само го потврди минатогодишниот впечаток и уште еднаш докажа дека градот на конзулите не е само град на седење и пиење кафе, туку станува сериозен арбитер на тркачката мапа во нашата држава и регионот.

Од оваа година, овој настан е и официјално прифатен и од Атлетската федерација на Македонија, а присуството на претседателката Александра Војнеска-Зикова, која го означи стартот на двете трки е потврда за значењето на ТРЧАЈ БЕ.

Оваа година, организаторите и покрај тоа што беа соочени со здравствената криза предизвикана од COVID-19, одговорија успешно на предизвикот да организираат трка во услови на пандемија, покажувајќи дека со многу посветеност, вклучување на професионален тим и пред сѐ љубов, можат да бидат надминати сите пречки и приредија вистински тркачки спектакл во Битола.

Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе

Одличната организација од минатата година беше причина, од мигот на објавување на пријавувањето на трката до пополнување на предвидениот број согласно здравствените протоколи, во само 48 часа да се пополнат сите места.

Нешто помалку од 600 натпреварувачи, поделени на трките на 5 и 10 километри ја растрчаа Битола, која дефинитивно има уште поголем потенцијал овој концепт да се развива во годините што доаѓаат.

Посебните протоколи, кои важеа за оваа трка вклучуваа и мерење на температурата на секој од натпреварувачите, дезинфекција на старт и цел, задолжително носење на маска се до почетокот на трката, како и старт во бранови на одредено временско растојание по принципите на хронометар трка. Македонската атлетска елита беше присутна на настанот што беше гаранција за супер интересна трка.

ТРЧАЈ БЕ создаде нова спортска приказна во градот под Пелистер. И ова е дефинитивно најмасовниот спортски настан кој Битола досега го имала.

Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе

„ТРЧАЈ БЕ имаше моќ да го промени животот на битолчани.“

„ТРЧАЈ БЕ ги натера да почувствувате што значи да се придвижиш и физички и духовно. Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце.“

„Ние тоа им го овозможиме, за да почувствуваат колку трчањето може да им го промени животот на подобро.” - изјави Никола Димитровски, познат битолски адвокат кој е директор на трката.

Тој со својот тим, иако во комплицирани услови заради здравствената криза, успеа многу успешно да го одржи ветувањето дека трка е можна, по сите протоколи, ако се има вистинскиот тим.

Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе

Бројни награди за победниците во различни категории, а како изненадување за нив, настап на најдоброто од Битола, групата Фолтин на целта, панк бендот Паркети на една од точките по патеката, Дувачкиот оркестар на Битола на друга точка, а бројни кафулиња и поединци организираа забава и бодрење за натпреварувачите низ целата патека, правејќи атмосфера како на големите светски маратони.

Актерите Марјан Ѓоргиевски и Никола Пројчевски, како и познатиот битолчанец Зоран Лазаревски-Паљото беа забава за натпреварувачите.

Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе Трчај бе

Резултати на 10.000 метри

Мажи

  1. Дарио Ивановски 30.50
  2. Атанас Анчевски 33.31
  3. Кокан Ајановски 33.57

Жени

  1. Адријана Поп Арсова 37.17
  2. Биљана Кираџиева 37.55
  3. Миљана Ристиќ 39.06

Резултати на 5.000 метри

Мажи

  1. Кристијан Наумовски 17.08
  2. Григоријан Никовски 17.12
  3. Атанас Епов 17.22

Жени

  1. Бојана Наумовска 20.49
  2. Биљана Сивева 21.32
  3. Марија Пеликон 21.44

Резултати на тимови 10.000 метри

Жени

  1. Korruners
  2. NRC - Nike + Run Club
  3. Охрид ТрчаТ

Мажи

  1. NRC - Nike + Run Club
  2. АК Делта
  3. Korrunners

Резултати на тимови 5.000 метри

Жени:

  1. Синлес
  2. Таскфорс
  3. Брзи и бесни

Мажи:

  1. Бтобет
  2. Ери Корпорејшн
  3. Таскфорс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.