Почетна » Новости » Занимливости » Трејси Андерсон: Вежби за рамен стомак за 4 недели

Трејси Андерсон: Вежби за рамен стомак за 4 недели

Трејси Андерсон ги има обликувано телата на ѕвезди како Џенифер Лопез, Гвинет Палтроу, Мадона, Шакира, Кортни Кокс и Никол Ричи и има создадено најразлични фитнес програми. Токму пред да започнат сончевите месеци од годината, Андерсон покажува неколку напредни вежби за рамен стомак кои ги таргетираат сите мускули на јадрото на телото.


Трејси Андерсон

Започнете во позиција како за склекови. Свиткајте го десното колено и повлечете го нагоре, свртете го десниот колк така што надворешната страна да ви биде насочена кон подот. Спуштете се на подот. (слика А)
Подигнете го телото нагоре и кренете ја десната нога. (слика B)
Направете 30-40 повторувања со десната нога, а потоа исто толку и со левата.


Трејси Андерсон

Легнете на подот и спојте ги нозете една до друга. Свртете ги колковите налево. Поставете ја левата рака зад главата, а десната испружете ја настрана, така што дланката да ви биде свртена кон подот. (слика А)
Стегнете ги стомачните мускули и подигнете ги нозете нагоре, зачувувајќи ги во дијагонала. (слика В)
Бавно спуштете ги на подот и направете 30-40 повторувања на левата страна, а потоа исто толку и на десната.


Трејси Андерсон

Легнете на грб и поставете ги рацете зад главата. Раширете ги нозете. (слика А)
Свртете ја десната нога надесно, така што прстите да ви бидат насочени настрана и подигнете ја нагоре. Истовремено подигнете ја и главата, стегајќи ги мускулите на стомакот. (слика В)
Спуштете ја ногата и повторете ја вежбата 30-40 пати со десната нога, а потоа исто толку и со левата.


Трејси Андерсон

Легнете на грб и спојте ги нозете. Земете мал тег во левата рака и испружете ја над главата, а десната рака ставете ја зад главата. (слика А)
Стегнете ги стомачните мускули и истовремено придвижете ги колената и главата кон градите, додека левата рака ја носите нанапред во иста линија со торзото. (слика В)
Вратете се во првата положба. Направете 30-40 повторувања со левата рака, а потоа исто толку и со десната.


Андерсон советува вежбите да се прават шест пати неделно и да се комбинираат со кардио активност во времетраење од 30 до 60 минути.

Сепак, таа не заборава да ја потенцира и важноста на здравата исхрана за обликување на привлечен стомак. Трејси препорачува жените да се обидат барем една седмица да избегнуваат глутен за да видат како ќе се чувствуваат, бидејќи елиминирањето на глутенот кај многу лица ја намалува подуеноста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25558 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.