Војвотката Кетрин и принцот Вилијам му посакаа добредојде на овој свет на своето трето дете. Кралскиот пар доби син.
Среќната вест беше објавена во официјално соопштение од Кенсингтонската палата на Twitter.
Her Royal Highness The Duchess of Cambridge was safely delivered of a son at 1101hrs.
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) April 23, 2018
The baby weighs 8lbs 7oz.
The Duke of Cambridge was present for the birth.
Her Royal Highness and her child are both doing well.
„Војводата од Кембриџ беше присутен на породувањето. Нејзиното кралско височество и нејзиното дете се добро“ - се вели во соопштението.
Бебето се родило тешко 3,8 килограми. Гордите родители наводно не го знаеја полот на бебето до самото раѓање.


Како и за претходните две деца, Кетрин се породи во болницата „St. Mary“ во Лондон, каде принцезата Дијана го донесе на свет Вилијам во 1982 година.
Бебето ќе биде петто во линијата наследници на британскиот престол.





35-годишниот принц и 36-годишната војвотка стапија во брак на 29 април 2011 година. Тие се родители и на 2-годишната принцеза Шарлот и 4-годишниот принц Џорџ.




