Почетна » Новости » Занимливости » Трет пролетен Веро вино-фест во Скопје

Трет пролетен Веро вино-фест во Скопје

Скопје може да се пофали дека има свој пролетен фестивал, кој го слави виното веќе трета година по ред. Минатата година ја паметиме по неверојатните музички настапи на актуелните балкански музички бендови и големиот избор на вина, а оваа година организаторот Веро се погрижи овој настан да добие уште поголем квалитет, сè со цел поголемо уживање за сите посетители.

Вино-фест

Официјалното отворање е на 7 мај, на веќе проверената локација на отворениот паркинг простор пред Веро-центарот, а фестивалот ќе трае до 11 мај. Првите два дена програмата е планирана да почне во 17 часот и ќе трае сè до 1 часот после полноќ, додека од петок забавата се поместува еден час подоцна т.е започнува во 18 часот и ќе трае сè од 2 по полноќ.

„И овој пролетен Веро вино-фест го подготвуваме со особено задоволство бидејќи во најубавиот месец од годината славиме еден од најомилените пијалоци, виното, бидејќи како што велат, пивото е создадено од луѓето, но виното го направиле боговите...“

„Затоа и оваа година ги поканивме најдобрите македонски винарници, за сите заедно да ги вкусиме врвните вина од домашните чудотворци, да уживаме во храна направена од вешти раце, а како дигестив се некои од најдобрите музички имиња. Ги поканувам сите љубители на добрата музика и на фината капка заедно да го славиме животот, старите пријателства, среќните времиња, убавите манири, фантастичната музика и вкусната храна“, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.

Вино-фест

На музичкиот дел од програмата се очекува да настапат: Тамбураши, Сара Мејс, Чалгии, Митан Проџект, Дани Димитровска, Жаре Бербер, М.В.П. Србија, Ајдарет, Ристо Џипси Џез, Тумбао Салса и многу други.

Влезот за сите посетители и годинава е бесплатен!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.