Почетна » Новости » Занимливости » „Требаше да те оставам да спиеш со мене“: Емотивен текст на мајка потсетува колку брзо растат децата

„Требаше да те оставам да спиеш со мене“: Емотивен текст на мајка потсетува колку брзо растат децата

Мајка со текст ги потсетува родителите дека децата растат брзо и дека треба да ги користат моментите кога нивните малечки имаат потреба од блискост.

Кејси Хаф, која стои зад блогот „Etched in Home“, раскажа дека жали за моментите кога не му дозволувала на синот да спие со неа во спалната соба, бидејќи сега знае дека тие прилики набрзо ќе ги нема.

Еве го нејзиниот текст:

Бебе

Беше два часот наутро кога влезе во нашата соба. Се разбира, веднаш се разбудив кога го почувствував твоето присуство. Сакаше да спиеш со мене. Сакаше да се собереш точно помеѓу мама и тато.

Но, јас реков НЕ.

Оваа ноќ не беше како секоја останата. Ти не беше болен. Не ми изгледаше исплашен. Само сакаше да се качиш на креветот до мене.

Но, јас реков НЕ.

Причините за тоа се истите причини кои отсекогаш сум ги имала. Сакам да бидеш самостоен. Сакам да бидеш способен да го смируваш сопствениот немир. Но, исто така јас се изморувам. Тешко е да спиеш со некој кој постојано те турка на работ од креветот или кој те клоца на секои пет минути. Дали е тоа себично? Можеби.

И сега жалам за тоа. Жалам што не го чувствувам твојот сладок здив додека се приближуваш поблиску до мене и твоите топли мали рачиња обвиени околу мене. Жалам што те вратив во твојот кревет и ти дадов брз бакнеж, затворајќи ја вратата зад мене. Жалам што мислев само и само да се вратам на спиење.

Има премногу моменти во животот на родителите кога ги игнорираме прашањата, цимолењата и плачењата. Толку многу пати само сакаме да си поминеме без да ни досадуваат со дополнителни барања. Секогаш ќе ги има оние моменти кога „требаше“ да бидеме погрижливи, но ни било преку глава.

Тие можности доаѓаат и си одат, деновите прелетуваат, а ноќите во кои имаме шанса да ги држиме нашите деца блиску до нас нема да траат вечно.

Требаше да речам ДА.

Следниот пат ќе речам ДА. Ќе те повлечам нагоре во моите раце и ќе го издржам лактото во моите ребра и стапалото кое го клоца моето. Нема да се грижам дали ова ќе ти стане навика или колку долго ќе поспијам.

Само ќе те гушкам знаејќи дека овие ноќи наскоро ќе ги нема.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.