Почетна » Новости » Занимливости » Искрен текст на една мајка: „Бев совршена мајка, додека не родив деца“

Искрен текст на една мајка: „Бев совршена мајка, додека не родив деца“

Блогерка преку искрен текст цели да покаже дека ниту една жена не може да има реална слика за мајчинството додека не роди дете.

Кејси Хаф, која порано била учителка, а сега стои зад блогот Etched in Home, на своја кожа искусила дека реалноста е сосем поинаква од замислата за животот со мало дете.

Прочитајте ја нејзината порака:

Мајка

Бев совршената мајка.

Знаете, оној тип на мајка за кој пишуваат во прирачниците за родители и кој е прикажан на постерите што висат во чекалните кај педијатрите.

Моите деца јадеа само најдобра храна, и иако одвреме-навреме им давав и по нешто слатко (бидејќи бев и забавна мајка), нивниот режим на исхрана се состоеше воглавно од чисти (безмасни) протеини, полнозрнести житарки, овошје и зеленчук – секогаш зеленчук.

Седењето пред екраните беше ограничено, зашто знаев дека не е добро моите деца да гледаат во нив повеќе од препорачаните 30 минути на ден. Наместо тоа, планирав забавни проекти и активности, бидејќи очигледно учењето со помош на рацете е најдобриот начин за да ги претвориме љубопитните деца во брилијантни возрасни личности.

Моите деца имаа добри манири. Замолуваа и се заблагодаруваа без некој да им суфлира и велеа „извинете“ кога некому ќе му го пресечеа патот. Другите деца имаа напади на бес, но не и моите. Тие беа позрели за своите години; доволно способни да си ги контролираат емоциите со грациозност и нежност, а сето тоа беше нуспроизвод од примерот кој јас го поставив за нив.

Бев совршената мајка.

И тогаш родив деца.

Вчера, за време на долгиот пат до маркетот, му го дадов таблетот на моето двегодишно дете за да го гледа својот омилен филм и попуштив пред неговото плачење и му дадов уште една рака чоколадни бонбони (иако бев сериозна кога велев „после ова нема повеќе“), бидејќи не бев расположена да го слушам пискавото молење од задното седиште.

Мајка

Кога пристигнавме в град, сè уште бевме гладни, па поминавме низ еден ресторан за брза храна, па низ друг, бидејќи едниот ги имаше вистинските бургери, а во другиот беше убавиот милкшејк. Седнавме на паркингот и јадевме и се смеевме, бидејќи јас не сакав да јадам во ресторан. Во тој момент одлучив дека побрзо би дозволила испаѓани компирчиња на подот од автомобилот, отколку да ги собирам лазејќи под масата во ресторан, чувствувајќи се виновно.

Мајка

И кога речиси завршивме со пазарување се најдов како стојам на најдолгата редица за наплата во светот со истоштено едногодишно дете кое вреска од количката и двегодишно дете кое лежеше на подот покрај количката и чепкаше неидентификувано нешто кое беше заглавено во тркалото. Стоев таму нежно смирувајќи го бебето и му дозволив на 2-годишното дете да продолжи да чепка, бидејќи задоцнивме и за неговото преспивање и знаев дека ќе следува напад на бес ако се обидам да го натерам трпеливо да стои во редицата.

И тогаш те видов тебе.

Прекрасна млада жена, која претпоставив дека сè уште нема деца. Уште една совршена мајка, каква што бев и јас некогаш. Го препознав погледот во твоите очи додека нè гледаше, оној поглед кој вели „моите деца никогаш нема...“

Ти се насмеав и се извинив за вревата. „Во ред е“, ми одговори тивко, и иако сè уште се сомневам во искреноста на тие зборови, се чувствувам должна да ти кажам дека разбирам.

Знам дека не сакаше да бидеш груба. Не сметам дека си лоша личност затоа што беше скептична за моите родителски вештини или затоа што ме гледаше попреку. Всушност, не многу одамна, и јас би го направила истото.

Пред да имате деца, не знаете – НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ – каков ќе ви биде животот како Мајка. Понекогаш успеваш, а понекогаш преживуваш, но постои едно прекрасно нешто наречено мајчински инстинкт кој најчесто те води по патот.

Од една поранешна совршена мајка до моменталната совршена мајка, ти посакувам сè најдобро и се надевам дека еден ден ќе бидеш доволно среќна да станеш дел од овој ексклузивен клуб.

Тогаш, знам дека ќе разбереш.

Мајка Мајка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11328 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.