Почетна » Новости » Занимливости » Тинејџерка дознала дека е бремена неколку часови пред породување

Тинејџерка дознала дека е бремена неколку часови пред породување

Кога Џоди Смит се пожалила на многу силни болки во стомакот, нејзината мајка ја однесла на доктор, каде набрзо дознала дека всушност станува збор за породилни болки. Неколку часа подоцна таа родила здраво момче.

Дени, Џоди и нивниот синДени, Џоди и нивниот син

17-годишната Англичанка, која е амбициозна танчарка, воопшто не ни помислила дека може да биде бремена, бидејќи нејзината тежина не се зголемила.

„Сè уште сме вчудоневидени. Џоди не престана да се смее. Таа одеше на колеџ, одеше на работа, посетуваше часови за танцување и вежбаше, сè нормално. Не ѝ беше лошо и изгледаше слаба до крајот“ – изјавила мајката на Џоди.

Докторите не знаат точно во кој месец од бременоста се наоѓала Џоди, но бабиците претпоставуваат дека била во деветтиот месец. Роденото момче тежело 3,6 килограми.

Џоди и Дени

Дени Јеомен, момчето на Џоди, бил шокиран од веста и сè уште се привикнува на новата улога во животот. „Беше шок за нас, сè уште се привикнуваме на тоа“ – рекол 19-годишниот татко.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.