Почетна » Новости » Занимливости » Тинејџер создаде апликација за да може да комуницира со сестра му која не зборува

Тинејџер создаде апликација за да може да комуницира со сестра му која не зборува

Арчер Калдер е 16-годишно момче од Јута кое го искористи своето знаење за да пронајде начин како да комуницира со својата помала сестра која не може да зборува.

Креативниот тинејџер создаде апликација за да ѝ помогне на неговата 14-годишна сестра Дела која страда од ретка генетска состојба (Bainbridge-Ropers Syndrome).

Арчер и Дела

Преку FreeSpeech, Дела сега може да каже што сака, а што не сака, што ѝ е потребно, а што не.

„Отсекогаш ми беше сон да можам да комуницирам со неа на начин на кој можам да комуницирам со сите други луѓе“ – изјавил Арчер.

Пред да ја направи апликацијата, младото момче барало веќе постоечки апликации кои ќе ѝ помогнат на Дела, но сите имале големи недостатоци. Затоа, тој одлучил да создаде нова, која ќе биде лесна за користење.

Арчер и Дела Арчер и Дела Арчер и Дела

„Многу е поразлично да растеш со сестра со која не можеш да разговараш. Со користењето на апликацијата која ја направив за неа, за првпат можевме да комуницираме. Тоа беше специјален момент за мене“ – изјавил Арчер.

„Дури и да ѝ помага само на една личност, на мојата сестра, ми се исплати сето време и труд“ - додал тој.

ВИДЕО

Арчер и Дела Арчер и Дела Арчер и Дела Арчер и Дела

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11991 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.