Почетна » Новости » Занимливости » „Тие не ја знаат целата приказна“: Мајка апелира луѓето да престанат да ги осудуваат другите

„Тие не ја знаат целата приказна“: Мајка апелира луѓето да престанат да ги осудуваат другите

Луѓето понекогаш се сурови, полни со предрасуди и осудуваат лица кои воопшто не ги познаваат само поради една единствена ситуација.

Лаура Маза апелира до таквите луѓе да престанат да ги осудуваат другите, бидејќи тие не ја знаат нивната приказна. Еве го нејзиниот текст:

Дете

Во игротеката имаше мајка, која како сокол го гледаше детето. Која му помагаше на своето малечко да се качи нагоре по лизгалката и го остави само дури кога виде дека стекна доволно самодоверба да го прави тоа самостојно. Таа седна, се напи од кафето и одговори на порака на телефонот. Ѝ пријде една жена и ѝ рече дека детето ѝ плаче и ја гледаше со згрозеност што го држи телефонот, исто како да го занемарува детето и да не е заинтересирана за него.

Таа виде само неколку секунди, но не ја виде целата приказна.

Има една мајка која има своја градина и постојано прави домашна храна, која ги храни децата со најздравите производи, понекогаш ги камуфлира, понекогаш не... нејзините деца се хранат одлично и никогаш немало проблеми околу тоа. Еден ден за првпат го одведе своето дете во ресторан за брза храна како награда. Непозната личност ѝ рече дека е лоша мајка и дека мајките кои ги хранат децата со брза храна не треба воопшто да имаат деца.

Непознатата личност не ја знаеше целата приказна.

Еден пар отиде на еднонеделен одмор на Бахами. Тоа за нив беше задоцнет меден месец. Конечно можеа да си го дозволат, бидејќи аранжманот таа недела беше на распродажба. Го оставија нивното дете кај баба и дедо за да не пропушти денови на училиште, бидејќи тоа следеше специјална програма која му помагаше во развојот и не смееше да пропушти ниту ден. Цели 8 години овој пар немал излезено насамо на љубовен состанок. На ниту еден. И двајцата ја минуваа секоја минута со нивното дете и никогаш не го оставаа само. Се прашуваа како опстанал нивниот брак. Објавија фотографија на која позираат на плажа со опис „повторно разгорување на нашата љубов“. Добија коментар во кој пишуваше: „Како можете да патувате без вашето дете?! Не раѓајте деца ако сте толку себични да не ги носите со вас.“

Тие не ја знаеја целата приказна.

Постоеше татко кој беше најтрпеливиот маж, секогаш мил и нежен, кој никогаш не кренал рака на своите деца. Никогаш. Никогаш дури не го ни повишил гласот. По 15-годишна служба, тој доби отказ од работа и му кажаа дека мора веднаш да си замине. Заедно со неговите деца отиде да ја подигне социјалната парична помош која му следуваше. Децата започнаа возбудено да трчаат наоколу и турнаа саксија со цвеќе. Тој започна да им вика најгласно што некогаш им викнал во животот за да бидат мирни. „Насилен татко, се обложувам дека се дрогира...“ – му рече едниот социјален работник на другиот. Тој никогаш не пробал дрога во животот и беше татко кој напорно работеше.

Тие не ја знаеја целата приказна.

Лесно е да претпоставувате, толку е лесно да си мислите дека знаете сè. Но, ако не сте биле во одредена ситуација, не можете да ја знаете целата приказна и не можете да осудувате.

Текстот на Лаура брзо стана хит на социјалните мрежи, а во коментарите многу жени признаа дека откако станале мајки сфатиле колку се луѓето сурови и полни со предрасуди и дека светот би бил подобро место за живеење кога би ја насочиле таа енергија за да ги охрабруваат другите, а не да ги понижуваат.

Голем број мајки споделија свои ситуации во кои биле осудувани.

„Јас сум мајка тинејџерка, но што и да направам, добивам лоши погледи, коментари дека не сум добра мајка, зјапаат во мене, луѓето ме озборуваат, велат дека сум разочарување за бебето... Но, тие не знаат дека се будам во 5 часот наутро, го хранам бебето, го бањам бебето, го облекувам бебето, јас се подготвувам за на факултет, се враќам од факултет, го земам бебето, џогирам, метам, пазарувам, му правам чај на бебето, го бањам бебето, го заспивам, повторно метам, средувам низ дома, повторно џогирам, а кога ќе си легнам веќе е полноќ и веднаш заспивам, а кога бебето се разбуди, го гушкам посилно од кого било, му раскажувам приказни за мама и татко и седам будна со него додека да презаспие во моите раце и чекам повторно да се разбуди. Јас сум ДОБРА мајка и правам сè што правите вие само што одам на факултет. Правам сè за мојата принцеза и би умрела за неа. Ако тоа не ме прави добра мајка, не знам што би ме направило“ – напиша една мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26250 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.