Почетна » Новости » Занимливости » „Ти ветувам дека ќе бидам најдобрата маќеа“: Невеста го расплака синчето на младоженецот со емотивен говор

„Ти ветувам дека ќе бидам најдобрата маќеа“: Невеста го расплака синчето на младоженецот со емотивен говор

Невеста на свадбата одржа емотивен говор за синчето на нејзиниот сопруг и ги расплака сите присутни.

Ванеса Линч му вети на 9-годишниот Хенри дека ќе го сака како свое дете и дека ќе биде секогаш покрај него, а видеото од нејзиниот завет го обиколи светот.

„Не ти го дадов дарот на животот, но животот ми го даде дарот да те имам тебе“ – пишува Линч на видеото.

„Хенри, знам дека не бев таму на денот кога дојде на овој свет. Не бев таму кога ги направи првите чекори или кога ги кажа првите зборови, но ти ветувам дека ќе бидам таму за многу од твоите први нешта. Ти ветувам дека ќе те сакам како мое дете, ти ветувам дека ќе му бидам најдобрата сопруга на твојот татко и ти ветувам дека ќе бидам најдобрата маќеа што можам да бидам за тебе“ – вели таа во видеото пред Хенри да ги прегрне емотивните младенци.

„Сакав Хенри да знае дека нема да бидам само жена со која се оженил тако му. Мило ми е што одлучив да го направам тоа, бидејќи Хенри ми кажа дека му значело многу и дека се чувствува многу поблизок со мене од претходно“ – изјавила подоцна Ванеса.

Хенри

Парот стапи во брак во декември минатата година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.