Телохранителот на Ед Ширан несомнено има откачена смисла за хумор која му донесе и молскавичен успех на Инстаграм.
Кевин Маерс пред десет дена си направи профил на популарната социјална мрежа, а веќе има 300.000 следбеници. Неговите фотографии се полни со хумор и прикажуваат нова страна од животот на популарниот пејач.
Ширан го ангажираше Кевин за да се грижи за неговата безбедност во 2015 година. Сега, забавниот телохранител ги користи фотографиите од патувањата со Ед за да им мами насмевки на обожавателите.
Погледнете ги неговите фотографии кои имаат хумористични описи: