Почетна » Новости » Занимливости » Текст кој ќе ве трогне: Човек ѝ подарил сончогледов цвет на вдовица, стана интернет сензација

Текст кој ќе ве трогне: Човек ѝ подарил сончогледов цвет на вдовица, стана интернет сензација

Текстот на Дени Вејкфилд ќе ве допре и ќе ви ја покаже моќта на малите мили гестови. Младиот маж еден ден купил сончогледов цвет за да ѝ го подари на саканата, но потоа помислил дека тоа може да изгледа нападно и одлучил да го подари на случајна личност.

Додека го пиел утринското кафе, тој видел расплакана жена и знаел дека таа треба да го има сончогледот. Нејзината реакција го поттикнала Дени да напише текст на Facebook, кој стана вирален хит со 190 илјади допаѓања и 80 илјади споделувања. Прочитајте зошто:

Дени Вејкфилд

Синоќа купив сончогледов цвет за да го ставам на шофершајбната на личноста во која сум вљубен. По долго размислување, одлучив да не го правам тоа зашто претходно имавме излезено само на еден состанок, и тоа претходната вечер. Не сакав да изгледам премногу нападно. Како и да е, го грабнав цветот кога излегував утрово со намера да го подарам некому по патот до работа. Она што се случи следно ме промени на начини кои уште не можам да ги опишам со зборови.

Додека седев и го пиев моето утринско кафе во кафетеријата (кое најчесто го пијам по пат), видов жена како чита нешто со солзи во очите кои тивко и брзо се слеваа по нејзиното бледо лице. Се чинеше како сончогледот да има магнет во себе кој го привлекуваше кон неа, бидејќи во тој момент знаев кому да го подарам сончогледот, таа беше личноста на која требаше да ѝ го подарам.

Кога се доближив до нејзината маса, реков: „Се извинувам, имам сончогледов цвет кој се надевав да ѝ го подарам на специјална личност, но тоа не се случи со личноста која ја имав на ум. Претчувствувам дека и ти си специјална, па сакав ти да го земеш“.

Пред дури да успеам да ѝ го подадам цветот, оваа непозната жена се фрли во мојата прегратка, со солзи на лицето и полна со благодарност, како јас да бев некој кој некогаш го љубела, но го изгубила. Она што го рече следно сè уште се обидувам да го разберам.

Таа плачеше затоа што една седмица претходно починал нејзиниот свршеник, само неколку месеци пред нивната свадба. На нивниот прв состанок, тој ѝ подарил сончогледов цвет и оттогаш ѝ подарувал само сончогледи, никогаш рози, затоа што таа била светлината на неговиот живот.

Денес, преку мене, тој доби можност да ѝ покаже дека таа секогаш ќе биде светлината на неговиот живот и дека ние како човечки суштества носиме порака која е над сите зборови.

Потресен сум, разбуден и се чувствувам неискусно. Никогаш не можеш ни да претпоставиш колку еден едноставен гест на подарување цвеќе од 5 долари може да ѝ го промени животот на одредена личност, како и твојот. Животот е за давање и служење на другите. Ве предизвикувам да најдете начин за да му го направите животот на некого макар и малку посветол денес. Не можете ни да претпоставите колку големо влијание ќе имате.

Дени ВејкфилдДени Вејкфилд

Дени доби 5 илјади коментари како одговор на виралната објава во кои многумина споделија слични искуства. Една интернет корисничка напиша:

Еден маж еднаш ми кажа дека неговата сопруга е неизлечиво болна. Купив ружа и бев на пат да му ја дадам на некого, но се судрив со тој човек и со неговата сопруга. Одеднаш ме обзеде чувство дека треба нејзе да ѝ ја подарам ружата. Ме гушна расплакана, но среќна и ми кажа дека додека се молела утрово, го замолила Бог ако ги слуша нејзините молитви да ѝ испрати ружа како знак. Знаев дека бев искористена како инструмент и бев убедена дека овој гест ѝ донесе неизмерна утеха.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.