Почетна » Новости » Занимливости » Тања Кочовска: Сладок рецепт од мојата кујна

Тања Кочовска: Сладок рецепт од мојата кујна

Повеќето од нас имаат убави спомени за нешто вкусно што јаделе уште од детството. Вонсериски вкусната пита од баба или некоја незаборавна чоколадна роденденска торта – храната секако има свој начин да нé врати во минатото.

Јас готвам уште одамна и научив да готвам за да не им робувам на рецептите.

Сакам да готвам, ја сакам храната и она што таа претставува, за мене таа е момент за споделување, искуство, поезија, идентитет, љубов... А нели љубовта доаѓа преку стомакот?!?

Кога готвам за моите најблиски, семејството, пријателите, колегите, не им давам храна, им го давам моето срце.

Актерката Тања КочовскаАктерката Тања Кочовска

Вообичаено, купувам она што е свежо, сезонско, квалитетно и секогаш знам што да правам со него. Но, има и производи што ги користам многу често и со кои исто така секогаш знам што да направам, како на пример старата, добра коцка – Кристал маргарин.

Имам сигурно десетици рецепти во кои го користам, а еве еден убав, летен, свеж, сладок рецепт во кој го користам Кристал маргаринот.

За овој рецепт ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 3 кесички пудинг од ванила
  • 1,5 л млеко
  • 1 шлаг пена
  • 1 кесичка чоколадни мини кроасани
  • 100 грама чоколадо за готвење
  • 1 мало пакетче бисквити
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 Кристал маргарин

Подготовка:

Во правоаголна тепсија број 28, ставате еден ред бисквити, натопени во ладно млеко.

Направете фил од три пудинга од ванила кои треба да се оладат, но да не фатат кора, а за тоа како што знаете, покриете ги со проѕирна фолија.

Е тука доаѓа неговото височество – коцката Кристал маргарин која ја матите со 200 грама шеќер во прав. Ја додавате на пудингот и мешате сѐ додека не добиете хомогена смеса.

Подоцна пудингот го делите на два еднакви дела, од кои во едниот додавате 100 грама стопено чоколадо за готвење.

Врз бисквитите го ставате прво чоколадниот крем, па една кесичка мали чоколадни кроасани сечени на пола и свртени со сечениот дел надолу. Најгоре се става белиот, т.е. остатокот од пудингот од ванила.

Некои врз сево ова мачкаат слој еурокрем, но јас ставам само шлаг.

Ете тоа е еден од моите омилени рецепти. Брз, сладок и сочен, со полн вкус.

А како и за секој друг рецепт, неопходни се свежи и квалитетни производи, но најмногу од сѐ треба волја и љубов за каква било креација во кујната.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.