Почетна » Новости » Занимливости » Татјана Лазаревска ја поддржа кампањата за безбедност во сообраќајот

Татјана Лазаревска ја поддржа кампањата за безбедност во сообраќајот

Татјана Лазаревска е меѓу повеќето славни македонски личности кои се приклучија во кампањата за безбедност во сообраќајот.

Татјана Лазаревска

„Со задоволство ја облеков жолтата маичка која е симбол на кампањата за безбедност во сообраќајот. Многу често одам на турнеи во Австралија и верувајте таму буквално сите го носат сигурносниот појас. За жал, кај нас сè уште постојат учесници во сообраќајот кои сметаат дека сигурносниот појас е само декор во автомобилот, а не нешто кое може да ти го спаси животот. Апелирам до сите учесници да ги почитуваат правилата и да го почитуваат пред сè својот живот, а потоа животот на другите“ – изјави познатата фолк пејачка.

Татјана Лазаревска

Причината за отпочнување на кампањата е потребата за подигнување на јавната свест, укажување на значителната бројка на жртви и повредени во сообраќајни незгоди, како и потребата од превенирање и укажување на последиците од сообраќајните незгоди. Податоците покажуваат дека на патиштата низ нашата држава секој втор ден згаснува по еден живот.

Слоганот на кампањата е „Почитувај ги правилата, почитувај го животот!“, додека централната порака е „Вози безбедно со врзан појас!“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10619 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.