Почетна » Новости » Занимливости » „Татковци, не чекајте жена ви да ви каже што да правите“: Блогерка со апел до мажите повеќе да помагаат дома

„Татковци, не чекајте жена ви да ви каже што да правите“: Блогерка со апел до мажите повеќе да помагаат дома

Креаторката на блогот „Stop Yelling Please“со отворено писмо апелира мажите да се вклучат повеќе во грижата за домот и за децата.

Жаклин им се обрати на сите татковци за да им порача да не чекаат нивните сакани да побараат помош од нив, туку самите да преземат иницијатива околу домашните обврски. Според неа, кога една жена бара помош од сопругот, тоа најчесто значи дека таа е истоштена, па поради тоа, ги советува мажите да не чекаат тоа да се случи.

Еве го нејзиниот текст:

Садови

Драги татковци,

Не чекајте! Не чекајте таа да ви каже што да правите. Не чекајте садовите да се натрупаат во мијалникот. Не чекајте децата да станат толку гласни што нема да можете да размислувате трезвено.

Не чекајте таа да изгледа исцрпено. Не чекајте додека таа да чисти со лутина или молчеливо да вреска. Не чекајте да помине времето за вечера, а децата сè уште да немаат јадено. Не чекајте да помине времето за бањање. Не чекајте додека таа не започне да се дере како луда.

Таа има потреба од тебе сега. Таа има потреба од тебе од моментот кога ќе се разбуди, па сè до моментот кога ќе си легне. Таа има потреба од тебе во моментот кога ќе го пречекориш прагот од вратата. А најмногу ѝ требаш кога ќе ти рече: „Можам сама“.

Таа е уморна и исцрпена. Го управува овој брод сама додека ти чекаш да ти биде кажано што да правиш. Таа се надева дека еден ден ќе престанеш да ги чекаш нејзините инструкции и дека едноставно ќе го направиш она што треба да се направи.

Децата треба да јадат. Децата треба да се избањаат. Децата прават неред. Децата се гласни. Децата се палави. Децата имаат потреба од помош за да се облечат. Децата треба да напишат домашно, да си играат, да вежбаат и уште ред други работи.

Направи нешто.

Не чекај. До моментот кога ќе побара помош, таа веќе потонала во немирното море на мајчинството и се бори за воздух, чекајќи некој да ѝ фрли гума за спасување. Не чекај!

Поздрав,

Од уморните мајки насекаде!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.