Почетна » Новости » Занимливости » Татко ја пронајде ќерка си во засолниште за бездомници 2 години откако бившата избега со девојчето

Татко ја пронајде ќерка си во засолниште за бездомници 2 години откако бившата избега со девојчето

Татко од Орегон по долга потрага успеа да ја пронајде својата ќеркичка, две години откако неговата поранешна девојка избега со малото девојче. Со помош на пријател, тој ја пронашол ќерка си во засолниште за бездомници.

Денес ја видов мојата четиригодишна ќерка за првпат по речиси две години. Не само што повторно се обединивме, туку јас имам и старателство над неа! Никогаш не се откажувај, му требаш на твоето дете! Погледнете колку е среќна, уште еден неуспешен обид за отуѓување!Денес ја видов мојата четиригодишна ќерка за првпат по речиси две години. Не само што повторно се обединивме, туку јас имам и старателство над неа! Никогаш не се откажувај, му требаш на твоето дете! Погледнете колку е среќна, уште еден неуспешен обид за одвојување!

Поранешната девојка на Брајан Тувенел во 2013 година избегала надвор од државата заедно со нивната ќерка Хармони. Оттогаш, Брајан упорно трагал по своето чедо, сè до моментот кога негов пријател го информирал дека го видел малото девојче во засолниште за бездомници во Вашингтон.

41-годишниот маж заедно со мајка си веднаш отпатувал до центарот за згрижување бездомни лица во Спокен. Таму, тој првпат по две години ја прегрнал својата малечка ќеркичка и оттогаш тие станале неразделни. „Беше многу емотивно. Тоа беше како барање на игла во сено“ – рекол таткото.

Брајан и Хармони Брајан и Хармони

Брајан добил целосно старателство над Хармони во мај 2015 година. „Вредеше сè. Две години се борев во пеколот само за да бидам дел од животот на мојата ќерка и таа сега е повторно во мојот живот“ – вели тој.

Емотивниот татко признал дека секоја вечер гледал во ѕвезденото небо и си ја пеел „Twinkle Twinkle Little Star“. „Ми стана како лек за скршеното срце од кое извираше болка за исчезнатото дете од мојот живот. Секоја ноќ го повторував и тоа беше единственото нешто кое правеше да се чувствувам поблиску до мојата принцеза Хармони. Се надевав дека можеби и таа гледа во истите ѕвезди како мене“ – пишува Брајан на својот профил на Facebook.

Брајан и Хармони Брајан и Хармони Брајан и Хармони

„Навистина се надевам дека со мајка ѝ ќе можеме да се поврземе и да ги оставиме нашите разлики настрана за доброто на нашата ќерка. Не сакам да се фокусирам на ниту еден од негативните аспекти од приказната. Единственото нешто коешто е важно во целата приказна е малото девојче. Тоа е нејзиниот живот“ – изјавил Тувенел за „Krem 2“.

За време на најлошиот период од неговиот живот, Брајан станал дел од организација која им помага на лицата кои минуваат низ слична ситуација како него. Во знак на благодарност за помошта, организацијата им испланирала патување на Хармони и нејзиниот татко на Хаваи, каде заедно ќе можат да создаваат само среќни спомени.

Брајан и Хармони Брајан и Хармони

Брајан напишал песна за својата сакана ќерка, неколку месеци откако ги разделиле.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.