Почетна » Новости » Занимливости » Татко си лепи туба за хранење на стомакот за да му покаже на болното синче дека не е само

Татко си лепи туба за хранење на стомакот за да му покаже на болното синче дека не е само

Татко од Вирџинија, САД, освои илјадници срца со посветеноста и љубовта кон своето синче.

Имено, Роберт Шелби постојано си лепи туба за хранење на стомакот, за да му ја зголеми самодовербата на малото синче, кое поради болест мора да носи туба и да се храни преку неа.

Грижливиот родител сподели фотографија на која и двајцата гордо позираат со тубите и привлече море од комплименти за својот гест. „Сакав да му покажам на син ми дека не е сам. Го направив многу среќен и горд на она што е“ – изјавил Роберт.

Татко и син

По раѓањето, на 3-годишниот Чејс му била дијагностицирана срцева болест (Тетралогија Фалот). Па, поради дијагнозата малото момче не смее да се храни орално и мора да се храни преку туба.

„Се додека дишам, секогаш ќе го поддржувам мојот син и тој никогаш нема да води сам ниту една борба“ – пишува таткото.

Татко и син Татко и син

Фотографијата всушност била направена минатата година, но Шелби ја сподели минатиот месец, за што доби многу позитивен фидбек. „Постојат луѓе кои ни се заблагодаруваат за тоа што сме доволно храбри и што ја споделивме фотографијата и ни велат дека ги инспирираме да не се срамат од своите туби за хранење“ – вели Шелби.

Татко и син Татко и син

Роберт ја раскажа приказната зад идејата постојано да си лепи туба на стомакот. „Син ми ми рече: Тато зошто јас имам, а ти немаш туба за хранење? И јас му одговорив: Само супер-бебињата имаат туба. Па тој ми рече: Но тато, ти си супер-татко и ти мораш да имаш таква“ – објаснил Шелби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11915 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.