Почетна » Новости » Занимливости » Татко кој обожава да ѝ прави фризури на ќерка си подучува други татковци за да ги зближи со ќерките

Татко кој обожава да ѝ прави фризури на ќерка си подучува други татковци за да ги зближи со ќерките

Татко, кој живее сам со својата ќерка и постојано ја разубавува со нови фризури, одлучил да го сподели своето знаење со други татковци. Тој организира бесплатни часови на кои им овозможува на татковците не само да ги подобрат своите фризерски вештини, туку и да поминат квалитетно време со нивните ќерки.

Фелипе Моргес

Фелипе Моргес станал сингл родител кога неговата ќерка Ема имала само една година, па морал да научи различни фризури за да ѝ ја средува косата. На почетокот тој ја дотерувал Ема само со помош на шноли и стегачи, но брзо ги усовршил своите вештини и пред да трепне знаел да плете и комплицирани плетенки.

Ема Ема

Бидејќи добивал куп комплименти, па дури и освоил награда за изгледот на косата на Ема, тој одлучил да го пренесе своето знаење и на други татковци кои не знаат како да ги дотераат своите мали принцези. „Обожавам да поминувам време со неа, а таа обожава косата да ѝ биде кул. Добивам многу признанија што ѝ ја средувам косата и слушам комплименти за мојата улога како татко. Сакам и другите татковци да можат да го искусат тоа“ – рекол Моргес.

Ема Ема Ема Ема

Фелипе сподели фотографии од Првиот час на Reddit и напиша: Толку сум горд со овие татковци, што направија чекор напред и изградија подобра врска со своите ќерки.

Ема Ема

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.