Почетна » Новости » Занимливости » Танчари со Даунов синдром донесоа злато во Македонија

Танчари со Даунов синдром донесоа злато во Македонија

Љубовта кон танцот Ена, Оливер, Александар, Дарко, Моника, Ана и Христијан ја крунисаа со светско злато.

Танчарите со Даунов синдром од Dancers United МK го освоија првото место во категоријата пара денс групи на Светското првенство кое се одржува во Киелце, Полска.

„Минатата година во Копенхаген на светско трети, во мај во Џенова на Европско први... како што е редот, вчера во Киелце на светско први. Ова се нашите ШАМПИОНИ“ - порачуваат од студиото за танци.

Dancers United МK Dancers United МK Dancers United МK Dancers United МK

Dancers United МK е општествено одговорна компанија која посветува големи напори за развој на танцова програма за ранливи категории на луѓе и лица со посебни потреби. Во рамките на школото, во соработка дефектолози, развиена е посебната танцова програма за лица со Даунов синдром, што овозможува поголема социјална инклузија за ранливата категорија во општеството во кое живееме.

„Ние промовираме здрав живот и здрави навики и мислам дека тоа е важно за добробитот на секој човек, а важно е што започнуваме со најмалите членови ова да го развиваме од мали нозе и идејата е тие спортски навики и дисциплина да им останат и во понатамошниот живот како навика. И секако, најважно е тоа што ние сме инклузивно студио каде сите се еднакви и ги рушиме стереотипите и бариерите“ - изјави пред неколку недели Сара Кочан, позната во македонската јавност по нејзината посветеност и љубов кон танцот и сопственичка на студиото за танци Dancers United МК.

Dancers United МK Dancers United МK Dancers United МK

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.