Почетна » Новости » Занимливости » Талентирана Македонка: Оперска пејачка освојува со фантастични изведби на песни од Дизни

Талентирана Македонка: Оперска пејачка освојува со фантастични изведби на песни од Дизни

Ивана Здравкова поседува исклучителен талент. Шармантната Македонка, која моментално живее и работи во Баден, Австрија, освојува со фантастичен глас кој ѝ отвора сè повеќе и повеќе врати во музичкиот свет.

Кога нема работни обврски во Театарот Баден, Ивана снима прекрасни изведби на популарни дизниеви песни.

Токму во овие детски хитови, Здравкова пронашла излез од стресот и негативните чувства за време на карантините поради коронавирусот.

Изминатиот период беше исполнет со неизвесност поради корона-кризата. Спасот од негативните емоции и стресот за време на локдаунот ти го пронајде токму во магијата на Дизни песните. Како започна со снимање на каверите на песните од познатите цртани филмови?

– Со каверите започнав на 23 април 2020 година, околу еден месец после почетокот на локдаунот во Австрија, каде ние уметниците останавме без работа и без можност да си допатуваме дома кај блиските.

Песните од Дизни филмовите отсекогаш сум си ги потпевнувала, но во тој период поинтензивно по дома, бидејќи нивната срж е всушност надеж и остварување на соништата!

Токму затоа и некако најмногу ми се вртеше во глава песната „A dream is a wish your heart makes" (сонот е желба која срцето ја посакува) од Пепелашка и едноставно спонтано решив да си ја снимам, најпрво со обичен телефон, акапела без никаква музичка придружба. Видов дека луѓето беа допрени и дека и на нив им прозвучи значењето на текстот и им го разубави денот, па решив да продолжам да пеам и да креирам такви видеа.

Секое твое ново видео наидува на одушевување и многу комплименти од големи и мали фанови. Дали ги слушаш нивните желби при изборот на песни?

– Многу се радувам на позитивниот одзив на моите кавери на секој кој бар малку ужива во нив кога ги слуша! Тие извираат од мене со љубов од срце!

Сакам да слушнам фидбек и идеи. На пример, другарка ми кажа дека нејзините деца ги гледаат моите песни со повторување. Во комбинација со видео, многу им го задржува вниманието и се трудат да учествуваат, но само со аудио со слика би било непрепорачливо. Инаку желби исто споделуваат, и многу би сакала да можев сите брзо да ги остварам, но јас повеќето кавери сама ги снимам во домашни услови за кои немам ни многу време бидејќи работам, само за последното видео Аладин имав поголема помош, со професионално аудио, видео снимање и графички дизајн. Но, секако ќе се потрудам да ги остварам сите желби кои ги слушнав!

Кога ти се роди љубовта кон операта и кога знаеше дека тоа ќе стане твоја кариера?

– Моите родители се всушност музичари, инструменталисти, композитори и двајцата работат во Македонската Опера и Балет како оперски пејачи, така што од малечка бев верна публика на операта. Но, интересно е што мојата желба да станам оперски пејач всушност ја потикна мојата наставничка по хор во основното училиште „Љубен Лапе“. Јас не сакав да одам ни на хор во училиште, бидејќи наводно учителката била многу строга, па со сила ме тегнеше за рака една другарка и ме однесе да се запознам со учителката. Таа ме преслуша и ми рече ако ни се придружиш, ќе ти дадам да пееш соло на смотрите и на училишната приредба. Така прифатив и пеејќи ги Аве Марија и Кон Те Партиро, наставничката ми посочи дека сум имала природно поставен глас и дека треба да се запишам на соло пеење. И така и се случи, бев една од единствените две кои ги примија во средно музичко на отсекот по соло пеење.

Операта е комплексна уметност и обединува пеење и глума, а понекогаш и танц. Која улога ти е најголем предизвик?

– Имам многу желби и посакувани улоги. Во различен период, различна улога ми лежи на срце. Лиу во „Турандот“ ми беше најголема љубов отсекогаш и ја остварив 2018 година во МОБ, а цела 2019 само аријата на Адина од „Љубовен Напиток“ си ја потпевнував и случајно се случи истата година да се оствари во Австрија. Би сакала и некоја Дизни Принцеза да одиграм во мјузикл, а најголем предизвик и желба ми е улогата на Клеопатра од „Јулиј Цезар“ на Хендел, која има 6 арии! За истата улога имам напишано магистерски труд, односно книга.

Во која оперска куќа ти е сон да настапуваш?

– Немам претензии за конкретна оперска куќа или театар, мене ми е важно креативната енергија која од мене тлее да имам можност да продолжам да ја преточувам во разно разни улоги и настапи на сцена, но секако и важно ми е вратата на домашната оперска куќа да остане отворена за мене.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.