Почетна » Новости » Занимливости » „Таа нема секогаш да биде мала“: Мајка порачува да уживаме во моментите со децата зашто тие растат брзо

„Таа нема секогаш да биде мала“: Мајка порачува да уживаме во моментите со децата зашто тие растат брзо

Понекогаш маките на мајчинството нè тераат да копнееме по деновите кога нашите деца ќе пораснат и ќе бидат самостојни. Но, сè повеќе мајки низ светот нè потсетуваат дека тоа ќе се случи многу побрзо одошто си мислиме, а дека потоа ќе копнееме по деновите кога нашите деца биле мали и палави.

Ешли Мазер во својот текст раскажа дека кога хаосот на родителството ќе настапи во нејзиниот живот, си одделува време за да се потсети дека нејзината ќерка нема да остане мала засекогаш. Еве го нејзиниот текст:

Мајка и ќерка

Има денови кога си мислам дека спијам со мајмун на грбот. Малечки раце обвиени од задната страна на мојот врат ми ги тргаат долгата коса и главата наназад, додека добро поставена нога ми се качува по карличната коска. Се приближувам до работ на душекот. Никогаш нема да дознам како е тоа воопшто возможно кога веќе имам само десетина сантиметри простор за мене. Кога веќе не можам повеќе да спијам/функционирам низ нејзината прегратка, воздивнувам и ѝ ги одделувам подадените раце од мојот врат, а нејзиното тело од моето, туркајќи ја поблиску до мојот сопруг или до средината на креветот. Тогаш со сопругот си разменуваме зборови како:

„Не можам да го правам ова секоја вечер“ – ќе извика тој фрустрирано, расфрлајќи ја неговата перница и телото наоколу.

Обично му возвраќам: „Што треба да правам? Таа секогаш спие НАД мене.“

Ги изговараме овие зборови, а потсвесно и двајцата знаеме – таа нема секогаш да биде толку мала.

Кога гледа нагоре во мене со насолзени очи, црвено отечено лице, кренати раце и раздвоени прсти, викајќи ми „Мама“ и молејќи ме да ја кренам в раце...

Таа нема секогаш да биде толку мала.

Во утрата кога топлината на мојот кревет нè прегрнува заедно, пред да бидеме грубо прекинати од зраците на утринското сонце, таа само ќе рече: „Утро е“, а јас се молам за уште пет минути во мојот кревет.

Таа нема секогаш да биде толку мала.

Кога рацете ми се преполни со чанта, кутии за ручек, палта, папки за документи, таа успева да го пронајде најмалиот простор за да се протне, да ја пронајде мојата рака и да побара, и покрај сè останато, да ѝ го носам и ќебенцето за да не се влечка по земја.

Таа нема секогаш да биде толку мала.

Во вечерите кога телото и умот ме болат од постојаните трчаници низ животот, но таа ќе ми ја потегне раката додека себично тивко лежам на каучот: „Мамо играј со мене“.

Таа нема секогаш да биде толку мала.

Од нејзините забави во бањата кои ми го поплавуваат подот, до игрите со пластелин кои резултираат со трескаво триење на дамките на килимите; од прекинатите мирни спиења бидејќи имала лош сон, до одложените читања онлајн поради тоа што сакала да ми седне во скутот.

Таа нема секогаш да биде толку мала.

За време на нејзината осма по ред криенка додека вечерата клокоти на ринглата или по нејзината 15. епизода од „Paw Patrol“ кога сè што сакам е таа да заспие за да можам да гледам „Real Housewives“.

Таа нема секогаш да биде толку мала.

Овие мали ситни прилики може да изгледаат како долги, тешки денови. Родителството прави да се чувствуваме како да сме ги исцрпеле сите наши емоции за доброто на нашите деца. Но, на средината од хаосот и поплаките, отстапувам и вдишувам...

Таа нема секогаш да биде толку мала.

Па, додека спие во мојот кревет, целата припиена во мене и додека со сопругот се караме зошто не е во својот кревет, а сепак ја оставаме со нас, ја бакнувам на челото околу 87 пати и ѝ ги стегам рачињата, затоа што знам...

Таа нема секогаш да биде толку мала.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.