Маж и жена од Кина добија пријатно изненадување кога преку фотографија открија дека биле на истото место и во истото време 11 години пред да се запознаат.
Додека се навраќале во минатото преку стари фотографии, партнерите од Ченгду пронашле фотографија на која случајно се „фатени“ и двајцата. Интересниот дел е што таа била создадена повеќе од една деценија пред тие да започнат да се состануваат.

На неа, девојката позира на плоштад во Циндао, а во позадина се гледа нејзиниот сакан како се фотографира со познатата црвена скулптура „May Wind“.
„Кога ја видов сликата бев изненаден и морници ме полазија по целото тело... тоа беше мојата поза за сликање. И јас си направив таква фотографија, истата поза, но од различен агол“ – изјавил Је.

Нивните пријатели сметале дека оваа интересна случка покажува дека ним им било судено да бидат заедно.



Парот сега заедно се фотографираше пред огромната скулптура и изјавил дека кога нивните деца ќе пораснат, сите заедно ќе се вратат во Циндао и ќе си направат семејна фотографија.
