Почетна » Новости » Занимливости » Студентка за 460 часа ја состави „најголемата сложувалка на светот“, која е инспирирана од Дизни

Студентка за 460 часа ја состави „најголемата сложувалка на светот“, која е инспирирана од Дизни

Студентка од Данска ја комплетираше „најголемата сложувалка на светот“, која брои 40.320 парчиња, а е инспирирана од цртаните филмови на Дизни.

Најголемата сложувалка на светот

Корисничката на Reddit manne0708 е вистинска зависничка од составување на сложувалки и постојано објавува фотографии на социјалната мрежа од своите предизвици. Сложувалката вклучува 10 сцени од Дизни, а е најголемата сложувалка на светот во продажба.

Кога ќе се комплетира, целосната слика е долга 680 сантиметри и широка 192 сантиметри. На упорната девојка ѝ биле потребни 460 часа за да ја заврши.

Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот Најголемата сложувалка на светот

Претходно, таа објави фотографија на која позира со сложувалката која претходно го држеше рекордот за „најголема во светот“, а за која manne0708 тврди дека била потешка за составување.

Најголемата сложувалка на светот

Инаку, Гинисовиот рекорд за најголема сложувалка составена некогаш им припаѓа на студентите од Универзитетот за Економија од градот Хо Ши Мин. 1.600 студенти составија сложувалка од 551.232 парчиња на 24 септември 2011 година.

Најголемата сложувалка на светот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.