Почетна » Новости » Занимливости » Старите и новите „славејчиња“ имаа слатка дружба со песна и кроасани

Старите и новите „славејчиња“ имаа слатка дружба со песна и кроасани

Татјана Танева од „Жито пром“ е поранешно „златно славејче“, а воедно беше и иницијатор на дружбата на повеќе генерации. Компанијата која ги произведува кроасаните 4U е еден од главните спонзори и на годинешното издание на најстариот детски фестивал во земјава

Да се биде „славејче“ значи да се биде дел од едно големо семејство составено од луѓе кои низ животот чекорат носејќи ги во себе вистинските човечки вредности како трудољубивост, почит и разбирање. На само два дена пред почетокот на новото издание на детскиот фестивал со најголема традиција во земјава, „Златно славејче“, кој годинава почнува денес и ќе трае до 19 ноември, новите и постарите генерации на пејачи и хористи се собраа на релаксирана дружба.

И Татјана Танева од „Жито пром“ е поранешно „славејче“, а воедно беше и иницијатор на средбата. Компанијата која ги произведува кроасаните 4U е еден од главните спонзори на годинешното издание на фестивалот.

Кроасани 4U Кроасани 4U

- Убаво е да се биде дел од приказна со традиција од речиси половина век и која има големо место во развојот на културата во земјава. Институцијата „Златно славејче“ ме научи дека со многу љубов, желба и напорна работа се остваруваат сите амбиции што човек ги носи во себе. После толку години, истите тие вредности живеат во мене и ми помагаат со истиот елан да се трудам да ги пресликам и при работата во компанијата „Жито пром“ и во брендот 4U – додава Танева.

Кроасани 4U Кроасани 4U

Покрај 10-ината постари „славејчиња“ од генерацијата на Татјана, на средбата имаше и исто толку нивни помлади „колеги“ - деца кои годинава ќе пеат на манифестацијата. Се насладуваа со кроасаните 4U со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија како и оние со мешаните вкусови на какао и ванила и вишна и ванила и им раскажуваа на повозрасните како се забавуваат на пробите. Во еден момент, постарите и новата генерација на изведувачи заеднички запеаја.

На настанот беше присутен и директорот на фестивалот Бобан Јосифовски кого сите го опишуваат како човек кој играл голема улога во нивното воспитување и оформување како личности.

- Јасно е дека сите деца што настапуваат на фестивалот не продолжуваат да се занимаваат со музика, но важно е дека прераснуваат во успешни личности во своето поле на делување. Горд и среќен сум што и Татјана Танева како и други поранешни „златни славејчиња“ сега му помагаат и застануваат зад фестивалот – појаснува Јосифовски.

Кроасани 4U Кроасани 4U

На крајот од средбата, сите се поздравија со ветување дека наскоро повторно ќе се дружат и ќе запеат и дека приказната за најстариот детски фестивал во земјава ќе продолжи да се пишува и раскажува.

Доколку сакате повеќе да дознаете за вкусните кроасани 4U, посетете ја Фејсбук–страница https://www.facebook.com/4Ucroissants/

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.