Почетна » Новости » Занимливости » Старечки дом и засолниште за животни се обединија за да спасуваат мали мачиња без мајки

Старечки дом и засолниште за животни се обединија за да спасуваат мали мачиња без мајки

Две институции од Аризона ги обединија своите сили со прекрасна цел – истовремено да спасуваат мачиња сирачиња и да усреќуваат стари лица.

Старскиот дом „Catalina Springs Memory Care“ и засолништето за животни „Pima Animal Care Center“ имаат цел да здружуваат стари лица и мачиња, кои останале без мајка, а имаат потреба од нега, љубов и внимание.

Стари лица и мачиња Стари лица и мачиња

Програмата е создадена од раководителката на одделот за здравство во старскиот дом, Ребека Хамилтон. Хамилтон е волонтер кој згрижува напуштени животни и ужива во тоа. Сфаќајќи колку среќа носи грижата за мали мачиња, таа дошла до брилијантната идеја.

Минатиот месец, две мали мачиња биле однесени во старскиот дом, а станарите веднаш ги опсипале со внимание. Мачињата се веќе пораснати и подготвени за вдомување.

„Постојат емоции, вештини и потреби кои никогаш не ги напуштаат пациентите со деменција или Алцхајмерова болест. Нивната желба за давање и добивање љубов останува засекогаш. Мачињата ни даваат можност да ја негуваме оваа состојба која лежи во секој од нашите станари“ – велат од домот.

Стари лица и мачиња Стари лица и мачиња Стари лица и мачиња Стари лица и мачиња Стари лица и мачиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.