Почетна » Новости » Занимливости » Среќата ја прават малите нешта: Фотографија од позитивна бабичка која продава цвеќиња во Скопје стана хит

Среќата ја прават малите нешта: Фотографија од позитивна бабичка која продава цвеќиња во Скопје стана хит

Фотографија од бабичка која продава цвеќиња во Скопје инстантно се распространи на социјалните мрежи, а стана хит поради приказната која се крие зад неа.

На Facebook, фотографијата ја сподели Димитар Ангелкоски и во описот појасни дека старицата понекогаш цел ден седи на улица за да заработи само 200 денари, а сепак е ведра и позитивна.

бабичка

Прочитајте го неговиот пост:

Ја прашувам, колку ти се цвеќињава бабо?

- Малите 50 денари, големите 100 денари.

И викам, дај ми едно големо и ѝ давам 200 денари. Не треба кусур бабо.

- Ама синко многу ми даваш, јас некогаш цел ден седам тука за 200 денари.

Ајде сега да те сликам и ќе напишам и други да си купат цвеќе насабајле од кај тебе на Партизанска.

- Чекај да ја извадам маскава, убава да бидам.

... Среќата ја прават малите нешта

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.