Почетна » Новости » Занимливости » Србинката Марина Абрамовиќ абортира 3 пати за да се посвети на уметноста, оваа мајка ѝ возврати со фотографија

Србинката Марина Абрамовиќ абортира 3 пати за да се посвети на уметноста, оваа мајка ѝ возврати со фотографија

Марина Абрамовиќ неодамна сподели дека три пати абортирала за децата да не ѝ попречат да се развива како уметник.

Марина АбрамовиќМарина Абрамовиќ

Славната Србинка изјави: „Имав три абортуси, бидејќи бев убедена дека тоа ќе биде катастрофа за мојата работа. Секој има ограничена енергија во телото, а јас ќе морав да ја разделам. Мое мислење е дека токму тоа е причината што жените не се успешни како мажите во уметничкиот свет. Има многу талентирани жени. Зошто мажите ги заземаат важните позиции? Едноставно е. Љубов, семејство, деца – жената не сака да го жртвува сето тоа.“

Со една фотографија, Хеин Кох ѝ возврати на Марина и покажа дека децата не се пречка при остварувањето на соништата.

Хеин КохХеин Кох со близначињата

На фотографијата, Кох, која е скулптор и уметник од Њујорк, ги дои своите близначиња додека работи на својот лаптоп. Во описот таа напиша: „Марина го знае своето искуство и тоа може да важи за неа, но тоа не важи за сите. Мајчинството лично мене ми помогна да бидам подобра артистка. Научив да бидам поефективна со своето време, да го приоретизирам она што е важно и да го оставам останатото, како и да бидам шампион по мултитаскинг. Научив да функционирам со малку спиење и надвор од хаосот, лудоста и тортурата.

„Нов бран емоции влегоа во мојата работа, која стана поинтересна и послоевита, не велам дека артистите родители се подобри артисти од артистите кои не се родители, или дека изборот да не бидеш родител ќе ги го ограничи пристапот кон овие искуства. Велам дека родителството е како секој друг предизвик во животот (најголемиот предизвик во мојот живот досега) и ако го прифатиш и измислиш креативни решенија, можеш да излезеш како подобра личност. Мораш да мислиш на тоа како овие искуства можат да те носат напред, наместо да те влечат назад.“

Хок

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.