Почетна » Новости » Занимливости » „Сопрузи, ако жената ви каже дека е преморена, значи товарот на нејзините рамена веќе станал претежок“

„Сопрузи, ако жената ви каже дека е преморена, значи товарот на нејзините рамена веќе станал претежок“

Мајка испрати важна порака до сите кои се во брак – да не ги потценуваат чувствата на нивните сакани.

Стејси, која е креаторка на блогот „Faithfully Failing“, апелира мажите да им дадат поддршка на своите сопруги кога тие се преморени или надвладеани од емоциите, бидејќи тогаш тие најмногу имаат потреба од тоа.

Брак

Сопрузи...

Ако сопругата ти рече дека е преморена, дека е совладана од емоциите или дека е на работ да полуди, твојот одговор никогаш не треба да биде нешто што би било потценување на нејзините чувства.

НИКОГАШ.

Не е важно дали таа седи дома. Не е важно дали работи. Не е важно дали и двајцата работите. Не е важно дали ти ѝ помагаш со обврските. Не е важно дали правиш повеќе нешта од неа. Не е важно дали таа тивко ти го доверува тоа додека разговарате или се дере во момент на лутина. Ако твојата сопруга е преморена или е совладана од емоциите, без разлика на околностите, никогаш не треба да ѝ ги потценуваш чувствата. Реалноста е таква и сè што ѝ е потребно е поддршка.

Не зборови кои ѝ кажуваат дека претерува, не зборови кои ѝ кажуваат дека нејзините чувства се недопустливи, не зборови кои би ја прекориле.

Поддршка, тоа е тоа.

Ако таа каже дека е преморена, значи дека НАВИСТИНА Е, без разлика на твоето мислење каква треба да биде таа.

Ако таа каже дека е надвладеана од емоции, значи дека НАВИСТИНА Е, без разлика на твоето мислење каква треба да биде таа.

Сопрузи, не ги потценувајте чувствата на вашите сопруги само затоа што мислите дека товарот на нејзините рамена не е тежок, бидејќи ако таа стигне до степен да ви го каже тоа, значи дека тежината станала претешка за носење.

Сопруги, овој совет важи и за вашите мажи. Ако тој вели дека е совладан, тогаш тежината веќе станала претешка за носење и тој има потреба од поддршка, а не потценување на емоциите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.